Денов ми е како понеделник. Мрзлив, тмурен, ненаспан. Зелен чај, па јако кафе за да се расонам. Еден куп обврски, заради кои не ме фаќа новогодишна еуфорија. Правам листи за купување и едвај чекам да се спакувам и да заминам. Малку да одморам од ова секојдневие, што полека но сигурно ќе ме утепа...
Па денес како се чувствувам :? .. Прво кога станав, морав да повторам Хемија за нашколо.. Па остана стресот за Математика што ќе добијам, на тест.. Се чувстувам различно, расположението ми се менува од час на час . Али ајде ќе помине и утре, па конечно да се одморам од учење.
После 3 часа спиење, ни самата не знам како се чувствувам. Ќе ми треба калоричен доручек и јако кафе за да се освестам. Ме чека не толку долг, ама напорен пат. Уште ако треба да возам, убаво ќе се испотам
магливо како и времево ќе ми треба период за да се разбистрам Па само јас доаѓам како будала 1 саат пред време на работа
Убаво се чуствував се додека не се појави мајками да ме изнервира ,е така е цел живот кога слушаш други
Заљубено , заљубено, заљубено летам. Пеперутчиња и во мене и пред мене И не само денес туку секој ден.
Непродуктивно, плачливо, кенкаво, смрзнато... и така... ах беее...з****** време и ПМС заедно не се можат и не се можат
Разочарано ,по веќе незнам кој пат годинава. Не ми се верува што фамилија ќе бевме,малери.Ако Господ сака некој да нервира,да го пушта во искушенија,да му дава па зема-не се секирајте тоа сме ние !!!