Умрена за благо, особено нешто чоколадирано. Среќна сум поради тоа затоа што тоа значи дека ми поминува депресивниот период од пред неколку дена (обично и започнува и завршува со криза за благо). Ми се враќа вољата и за физичка активност...да, да сонцето полека почнува да ѕирка над хоризонтот...Јес!
Најобично, не чуствувам некоја еуфорија за Новава година - а секоја претходна го имав само се надевам дека убаво ќе си поминам
Некако сум, чудно вознемирана поради непознати причини. Ич не сакам кога си го пресекувам денот на два дела, т.е. Скопје кон дома, може, океј... ама од дома кон Скопје ми е чудно и неприродно и неубавини ми се вртат цел ден во глава. Кога стоев на преполна автобуска, ми дојде голема желбичка за да си ја поминам дома НГ, со најблиските, а не во хаос со пиење во каков што ќе одам. Ама па и ми се пие.... еднаш сме млади. Уф, а да ги залиеме сите проблеми, а.... :geek: Предновогодишно
Уживам во последните саати, минути од 29ката ....пошто, никад повеќе не ќе се повтори де хелоууу, мислам. цц Пустинската, толку ме испоти, толку ме измачи, што од старт посакав да директно преминам на 30ката. Утре, прво што ќе сторам ќе биде... да си се гушнам со 30ката, а после ај вил ембрејс 2013ката, оти ептем, ептем многу очекувам и од двете. Нека ми опростат, знам голем егоист сум станата, ама.. ми дужи животецов, многу ми дужи, оти безпотребно ме презадужи последниве години. Па, нека ми се фати, ама убаво да се фати да не случајно падне и се закашка у што треба и не треба. Утре ќе е ден за вино. Нема дрес код, оти сакам да е релакс. брига ме кој е, од кај е, и у што гардероба е. Најубава ќе сум си јас... посекако... у душата. Бајт ми.
Синоќа доцна легнав, утрово рано станав, од капучиното, рернава која чади и од изнудливиот мирис на погачата уште толку ми се приспа. Арно постои шанк, може и ќе дремнам малку Еуфорија не ме фаќа ич. Зошто и би ме фаќала. Како што реков еднаш некому, повеќе еуфорија ме фаќа кога некој слави роденден, особено јас Ќе биде уште една убава вечер, како и многу други што сме ги поминале таму. А може и поубави ноќи сум имала, не велам не. Гаќи црвени нема да облечам. Немам. А баш ќе ми одговараа на хулахопките Се чувствувам удобно, со Мишко в скут, со недосушенава коса мека и мирисна, со меки стапалца во топли чорапчиња и со Жика во позадина како вели Мамицу ти јаречу! Кој ли ќе станува да се спрема
... ..1 јануар 2013 год.... .....измешани чувства,старата година си замина,ја започнуваме новата... ...една година постара,поискусна,позрела,посовесна,годината што помина и не беше така лоша за мене,успеав да остварам многу,бев и среќна и несреќна,ама сето се избалансира..... ..е па нека ни е среќна новата 2013 година на сите.. ...