Многу сум напната. Криво ми е што не сум забележила некои работи порано, а ми биле пред нос. Се чувствувам просветлено. Не знам како да го дефинирам тоа чувство, испомешано ми е се. Но, малку е и чудно.
Иако времево надвор ми е депресивно, врнежливо и ладно сепак јас се чуствувам преубаво вака на омилениот мој женски сајт до греалката супер ми е, се чуствувам онака најопуштено и среќно
Позитивно. Се разбудив насмеана.. и до сеа се тече супер. Ааааааама... нели марфи ло, под дифолт некој мора да го расипе тоа... па чекам јас... на готовс сум А до тогаш...бар ќе се смеам
денес нормално, колку да помине денот , досадно е никаде не ми се оди , сакам само дечкоми да е до мене да си го гушкам да си заспијам покрај него , но за жал тоа не е возможно, во тој случај би била срекна , а сеа сум во нормално расположение....така-така
Оддамна немам пишано во темава, а сега имам инспирација зошто точно знам како се чувствувам или барем знам да опишам приближно кои се моите подвлекувам моментални чувства. Расположението ми варира од час во час зошто сум во ПМС, но ни тие осцилации не дозволувам да ми го расипат крајот на денов. Уште да можев да му го слушнам гласот пред да заспијам, ќе заспиев пресреќна... Помислата дека имам два испита не ме остава мирна, па затоа после тричасовното учење се чувствувам некако помирна, ми остана да направам уште некои пресметки и да се доспремам за она што ме чека. Утрешниов ден, а веќе денешен во мене буди убави чувства, се присеќавам на времето кога јас бев коледарче и собрани сите комшивчиња одевме од врата на врата чукајќи по вратите и пеејќи коледарски песни. Се сеќавам обавезно секое коледе имаше паднато многу снег, а годинава еве ако утре сабајле не не изненади снегот коледарчињата ќе одат на коледе без снег. Гледам дека повеќе се задржав на ретроспекцијата на минатото отколу на моите чувства, ама тие две работи моментално се поврзани, зошто се присеќавам на минатите чувства кои во мене будат сегашни. Утре ќе станам со првите коледарчиња што ќе затропаат на врата и ќе гледам како мајка ми како секое коледе со жар и среќа во очите ги дарува коледарчињата. Кај нас е традиција место колбаси, портокали, колачиња, кифлички и бонбони како во некои места да се даруваат пари, па така таа преку цела година си собира ситни парички и десет денарки и ден пред денот ги брои парите и другиот ден со трчање отвара на сите за да им даде по неколку. Вика: "па греота се, станале сабајле, не дека ќе се збогатат со парите, ама нивната радост е непроценлива, греота е да не им отвориш кога тропнале". И така, понесена од коледарски чувства, за крај, ќе ја испеам песната што ја пеевме како мали: Коледе леде паднало греде деде се мачи баба го квачи за четири јајца мачкини, квачкини, гускини коледеееееееее. Барем вака се сеќавам на текстот, има многу верзии, ама оваа ми останала во меморија.
Аууу оваа мајка ми како ми игра по нерви. Ова од синоќа уште! Ако одбиеш да му излупиш јајце на маминиот син, по дифолт си неодговорна, безобразна, неблагодарна, мрзлива, и сите оние придавки со негативна конотација. И добиваш гратис мрчење ако седиш на компјутер кога правиш пауза од учење и за инат гратис луфтирација директ од тераса, да не ти е топло случајно Ете така сум малце на нервна база денес. Одамна не сум била, редно беше
Абе се убаво, и празници и се, ама.. Мора нешто да те кочи секогаш, мора тоа ама да го има, инаку не би било ,,интересно''. Пробувам да го насочам вниманието кон друго, ама не оди. И повторно одиме од почеток. А здосадено ми е, знаете? http://www.youtube.com/watch?v=s_B842fAytE Барем секогаш сум расположена за добра песна, ако ништо друго.
Pасположена празнично,се чуствува пријатна атмосфера во куката.Hо секогаш нешто недостасува во мојот живот за да биде комплетно... да се надеваме дека ке се исполни тој дел што недостасува
Ако почнев веднаш да пишувам ќе речев дека сум вечерва во добро расположение опуштено покрај компјутер и тв каминот пуцкета во чашата малку вино. Но сепак постои она НО, кога ќе налеташ на нешто и ќе ти ја упропасти вечерта. Не дека нешто ме погоди лично но си реков ајде да прочитам како феминкиве го поминале денов да ги ѕирнам оние постови од денес. И тука се заебав, читам еден па уште еден и што да прочитам млади деца се раскукале да беше тук да го гушнев бла, бла, бла абе мониторов ми се намокри од нивното лигавење( се извинувам на изразот) како да е нивниот дечко најбитен на светот па мора во секоја тема да се лигават колку се они вљубени колку се сакаат ама за жал во моментов неможат да бидат заедно за момент помислив дека раскажуваат турска, серија. А кога ќе дојде ред да живеат заедно тогаш за некоја мала караница ќе почнат да кукаат сакам кај мама )::::: Да цинична сум но неможам да сватам такви млади луге кои мислат дека животот се состои само од тоа да го гушнат и да си заспијат. Лесно е сега кога ќе се видите на саат два ќе се изе*ете и секој по дома ќе ве прашам кога ќе треба да жиеете 24/7 заедно. И да се вратам на темава да убаво ми помина овој ден а и убаво се чувствувам, во моментов сум сама но тоа не ми пречи убаво да си ја поминам вечерта.