Така така ... Денов почна малку неубаво ( џабе отидов на работа во 7 по ладново како идиот, го соберив студов и дома назад на спиење )... ама откако станав наспана беше подобро
После дешавката од вчера?Се чувствувам празно,без воља за ништо,толку многу потрошено...разочарано... како сенка...секаде те има,а не значиш ништо...
Мразиш цел свет оти никој не те сака и одеднаш се појавува некој и ти кажува дека те сака,прави нешта на кои цел ден се смешкаш,се смешкаш за ништо... Ете така се чуствувам денес изгубено,бунето и среќно
Понижено, од личности на кои многу им верував! А, сега? - Сега си е*ав мајката! Абе зошто им верував? Зошто? Цел свет збори дека нема вистинско пријателство, јас па со глава во ѕид удирам дека постои. И еве што ме снајде, ах...колку се изнервирав. И еве ќе ви признаам, ми се плаче...и ќе плачам додека не ми помине болкава во градите
Од сабајле прилично досадно морав да учам , а поручеква излегов малку на ладново ветре да се издувам и на крај вечерта заврши празнично со гости. Во глобала може да се каже дека сум поминала убаво
Се чувствувам некако чудно, магично. Ко јас да сум ѕвездата од песнава http://www.youtube.com/watch?v=oIfxBthfFkg. Инџој пипл, имате само еден живот.
Се чувствувам одлично, убаво си се наспав, сеа ќе си се пометкам по дома и по два дена вечерва ќе си ги видам најсаканите си пријателчињаааа Сега е се убаво испланирано останува уште да се зезне