Задоволно и разочарано во исто време. Какви гени бе народе, до толку ли да не можам едни нозе да тонирам и затегнам?! Да, само разочарана сум.
уморена утепана покрај зимскиов распуст не можам асално да се одморам како човек а па кога ќе помислам дека на 21 сум на школо главата ме боли.
изнервирана од вчера од тоа шо се случи и денеска станувам и мајка ми акфбадкјсбнв од сабајле денот ми е преглуп!!
Потполно, потполно, потполно празно. Додека не ја видов сликава која ми измами насмевка, и си реков - Добро е, има надеж, ќе бидеш подобра. Сеуште има нешто што случајно ќе ти пробуди чувства. Спојлер
Flat line, не се осеќам никако.Знам само дека сакам да бидам дома и сама, не ми се зборува со никого, не ми се гледа никој, само ми се слуша музика и ми се чита Ангелскиот Повик на Гијом...
Наспана сум? Да речеме... Ама и да не речеме, нема тоа ништо да смени. Се трудам да не си го претворам секојдневието во рутина, и за да излезам од рутина, влегувам во друга. Исто како возачот на комбе во Црни јакни од Том Ган. Демек ќе одмарам од учење, па се решавам да излезам... и се тргнува по протоколот па у п.м. Крем за лице, коректор, течна, камена, моливче, маскара, руменило, лабело, парфем, облека, уште облека (џанам зима е!), шал, капут, чизми, слушалки, радио... заробена се чувствувам, од една рутина во друга. Нема бегање. Пост-модернизам ми го расплака... најубавото маче од комшивката.