Џаболебарски. Ова му доаѓа како втор дел од тоа вчера. Станав доцна, ручав во пижами, демек читнав нешто, некоја песна, и сега чекам да дојдат гости. Ете бар кафе сварив, да не е без ич.
Наспано ама не и свежо, расположено. Се ми е сеедно, немам желба за ништо. Досадно ми е. Станав касно, многу касно и брзо ми помина денот. Уште малце ке искочам па се надевам дека малце ке се расположам, не бива вака.
Надвор лигаво, тмурно, никакво а јас сум полна со енергија и елан. Малце несвојствено за мене, обично се синхронизирам со времето надвор . http://www.youtube.com/watch?v=Ud6sU3AclT4
ужасно се нервирам многу лош период во животот абе одеднаш се почна да се распаѓа, не верувам во магии и такви глупости ама ова што ми се случува мора да е тоа нема што друго полудувам!!!!!
Лошо! До вчера да ме прашавте истово прашање веројатно ке речев најубаво, никогаш поубаво ама ете, преку ноќ се се мења. И јас пак глупава, сум заборавила на она „Too good to be true“.
Ви се случило некогаш да не можете да поднесете ништо ама буквално ништо. Еве денес се чуствувам баш вака , молам бога пред мене да не бидам сведок на кавга, да не бидам вмешана во неа, немој да ми се спомнуваат разговори за болници, смрт, затоа што имам чуство дека нервите ми шизаат денес до немајкаде. Си барам нешто обврска да го отргнам ова глупо чуство кое ме тера на , ПРОКЛЕТСТВО !!! Нека помина зимата веќе оти не ја можам, не ја можам . Ми ствара таков немир, таква напнатост, дефинитивно ако бирам зима која психички ме измачи тогаш е оваа .
Одморена, наспана и работно расположена. Го гледам временцево надвор и си велам: Ех, да си бев сега на планина, ќе се сончав на тераса облечена во маичка со кратки ракави. Наместо тоа, заглавена сум до гуша со обврски, ама не ми причинува тешкотија да ги исполнам. Денов ветува
Се потсетив на постот што го имам напишано погоре за времето надвор и моето расположение, и се поклопи тезата. Повторно се синхронизирав со него . Секогаш ме радувале овие краткотрајни сончеви зраци, тек ги има - тек ги нема, а надвор е денеска милина. Сите се во движење, се изгуби пасивноста што ја имаше, и сите несомнено имаат иста цел - да украдат дел од денов и она што го нуди. Супер е за прошетка, јас веќе направив една така краткичка низ околијава моја. Конечно излегов без мечкастата јакна, по тенко капутче и долга марама од кашмир, а не осетив како студот ми продира низ коски. Штета ми се расипаа слушалките, инаку ќе си го надополнев расположението со добри песни. Никогаш доста... http://www.youtube.com/watch?v=MDzDO8JsQ9w