Си правам ретроспектива на настаните што се зад мене, и се прашувам дали сум подготвена за понатака? Ама, кој ме прашува мене? Продолжуваме, како и да е... Нели? http://www.youtube.com/watch?v=e0G64nHwdvE
Убаво, празнично, наспиено. Уште гостите да дојдат да видат како сме уредиле. Спојлер Само мајка ми ме напна малку од прееска, незнам зошто толку нервоза дека нема да стигнеме, а уствари се беше подготвено и завршивме за еден саат,хммм.Сега на гостите се чека.
Мрзоволно. Ме боли ногата, ме врти нешто, имам еден куп работи за средување, вечер треба да одиме на именден, како му доаѓа денес, а мене ништо не ми се прави. Разочарана сум некако од се прилично... Еден период ко демек ќе тргнеа работите на подобро, имаше надеж, на крај ништо. Сме седнале пред некој ден со еден другар, си се жалиме од тоа какво време дојде, мислиш старци седат на клупа да не слуша некој од страна. Јануари, убаво си реков јас дека за ништо не го бидува. Нека помине само.
Како недовршена торта за нечив роденден. Немам инспирација ни желба да правам ништо, ја чекам мајка ми на скајп и гледам серии како мрдната. И лежам на земја, на јорганче.
Наспана сум, но во исто време се чувствувам и како претепана. Многу тмурна и нерасположена, тивка и негативна. НЕ сакам да дојде утрешниот ден, тој ми го расипува расположението !
Абе, мене душата ми пее. Жими се. Само, толку тивко, што, дури и јас не ја слушам. А и, не смееш. Нити, сам пред себе смееш да си признаеш, оти си среќен. Ќе се издадеш. Одма триста прашања за сето она што те унесреќувало толку време. Да не би ти се посреќило конечно... работава. Не бе. Онака само... Имаше нешто друго.. ама батали. Не е битно уствари. Помина моментот. Е, таква е работата со чувствава Кан ју хелп ме, Док? Прити плиз
Па во понеделник како може да се чувствувам МИЗЕРНО !!! Од 7 часот станата сум Ми се спие ми се плаче уште не можам да се освестам и покрај 2 испиени кафиња. Уф кој ќе седи до 16,30h на работа. ЈАС кој друг
Многу безгрижно, но не е на арно со оглед дека утре полагам, а ми има останато една тема непрочитана.