... yearning for that mystical instant that does not rely exsist in this dimension.. . И задоволна со себе!
Апатично . со вишок килограми а мањак волја за било што . офтопик : ЕлеМентал бравосно за песната . Среќен е тој што умее да сака ,а што е со истиот кога истиот го мразат, не сваќам, се догорува ко свеќата кога си на крајот на патот на среќата .
Мењам чувства на секои 3 секунди.. Еднаш сум пресреќна ке се враќаат Авганистанциве. Еднаш сум тотално ладнокрвна. Еднаш сум претажна. Еднаш сум збунета. Со еден збор чудна сум.
Премногу измешани чувства, премногу мисли, премногу разочарувања.. Жалам, многу жалам што пробав да се пробијам во нешто, жалам што воопшто пробував. Прв пат се каам за нешто што сум го пробала, обично учам од искуствата - ама ова беше се, освен животно искуство. А ми гаеше многу надежи. Многу празни надежи, кои за секунда се изгубија и се се урна наеднаш. Бам, прашина! Баш ми е криво, затоа што за прв пат очекував многу, а што добив? Шамар од реалноста и повик да се вратам со нозете на земја. Почнав неколку книги, одамна немам ништо читано, и ниту една не ми го задржа вниманието. Седнав да гледам телевизија, паметот повторно ми лета на друга страна, а интернетов веќе ми стана монотонен и досаден. Немам желба да отварам нови страници, ниту пак да разгледував и читам нови работи, и апсолутно моментално немам никаква желба за нешто ново. Земав и да учам и повторно истото. Мислите ми се разминуваат во главава со огромна брзина, не можам ниту јас да ги стигнам. Голем, ма огромен дел од нив се непотребни, тоа го тврдам. Мислам на глупости, размислувам за ситуации што се случиле и што се на добар пат да се случат, за разговори, речени нешта, луѓе, моменти.. Едноставно тупам мозок за милион работи, и сите до една ме засегаат - а не треба да е така. Барем не сега. Денов беше повеќе од лош, а јас се надевав на сосем противното. Дејствував, направив се што можев за да не биде тоа така, ама очигледно повторно обидите ми паднаа во вода. Жалам. Ме прати некоја лоша карма - тоа е факт. Го завршувам и ги поминувам последните моменти од него преокупирана и безволна за ништо, со мал милион на желби и повторно надежи за подобри моменти. Се прашувам, дали е до мене - или до другите? Изгледа е првото, доста се убедував дека е сечија вина - освен моја. Сакам само да се ослободам од мисливе и да започнам одново. Сакам да верувам дека е тоа можно. Овој пат, без големи очекувања и надежи. Со ладна глава и топли намери. Од што беше никаков денов - дури и мај ол тајм фејврит сонг ми се здосади. Урдичка.
Мнооогу среќно..може заради роденденот е. А Хари Потер и дождот ми го надополнија расположението уште повеќе.
Се чувствувам заљубено, а заради тоа и помалку тажно И покрај тоа што сум женско, неможам да си се разберам сама себе, а не пак мажите да не разберат Од една страна сум среќна затоа што животот ми тече како што и го планирам, секогаш нешто ќе искрсне, но тоа е скоро неважно. Од друга страна тажна ме прават проблемите дома, треба да се направи една голема промена, но тоа не ќе да е на добро и треба комплетно да си избегне. Следно е мојата љубов. Човекот кој ми ги направи деновите рајски, а потоа пеколни. Кога би имала можност би му поставила само едно прашање, што ќе ми ги реши сите дилеми, ноо... женска гордост, срам, зошто постои таа гордост која кај мене е толку изразена. Како и да е можам да сумирам, дека сум среќна и убаво ми, но ќе може да биде уште поубаво кога ќе се решат сите глупости
Неможам да опишам.Мноогу сум среќна и по малку заљубена .Иако одвреме-навреме ми се појавуваат тие тажни мисли,сепак сум среќна.Незнам што се случува со мене. Знам дека е лош период како и за мене така и за моите родители,ама јас природната насмевка не ја тргам од лицето.
Убаво, уште вечерта да ми биди како јас што сакам супер ќе биди Станав суредив, напрајв ручек и тако даље, денес е ден за релаксирање
Супер! Весело! Нема некоја посебна причина но ете така се чувствувам Сама дома + Музика Volume 1000000 Што да биди повеќе....
На моменти мислам дека можам да го освојам светот, а во други пак, ме завладува една таква меланхолија, помешана со желба за карање, да ја истерам правдата до крај. Па потоа повторно се смирувам и си велам - Можеш ти подобро од ова. Ова мачкетиниве ми помагаат малку да се смеам. Им зборувам, иако е еднонасочна комуникација, ги прашувам, па се правам дека сум чула одговор, па ги гушкам толку силно, иако не знам дали знаат што е прегратка. Се чувствувам ко the crazy cat lady. Ништо чудно да умрам со осумдесетина мачки околу мене. Ааа, прашањето беше како се чувствувам. Пааа - фино. Ако дојдам за 2 мин. на темава, со сигурност ќе изјавам нешто друго. Близнак - шта чеш?