Супер! Без некоја особена причина. Иако сум станата уште од 7 саат, баш ми е фино се. Со добро топло кафе како може да ми е?
Баш така. Кафе ми е лек за расположението, и колку и да сум лута на тетката, со кафе заборавам на неа. Со кафе и добро друштво. Денов ми е малце мрсулав, се влече, се мота, никако да помине. Потечена сум ко балон, едвај се движам, ама среќа има луѓе што ме сфаќаат и не ми замеруваат. И го сакам Охридче, со и без шашави бои
Добро е.Малку се нервирам кога ќе ја погледам книгава,ама за момент се смирувам кога погледнувам накај компјутерот Најпаметно ќе биде да ја сокријам некаде.Ми го расипува расположението веќе цела недела.
Денот ми помина како полетување на неуспешна НАСА ракета, на почетокот забавно, возбудливо, еуфорично и при крајот со разочарување и неспокој проследено со меланхолија и анксиозност. Ова мора да е еден од Марфиевите закони...затоа што кога ке ми тргне лошо денот секогаш ми завршува супер, така да се молам утре да станам на лева нога
Супер, опуштено. Да имав некоја занимација, повеќе да шеткав ќе ми беше поинтересно ама и вака не е лошо надвор е ладно така да не е многу за шетање.
Луѓе=кокошки. Зарем фацата не ме издава колку сум незаинтересирана за трачеви и пренесување муабети? Ми иде да се заклучам во канцеларија и подобро да се затрујам од истиот воздух, отколку да слушам прости муабети. Да не пишува на вратава исповедалница да видам? Остајте ме бре да дишам, оставете ги сите да дишат на раат, прегризете уста и продолжете со животот. До врата ќе ти застанат и ќе те присклушкуваат колку да имаат што да прераскажат. Ми го слушате типкањето? Браво, трчајте сега сегде раскажете како брзо типкам И благодарам, што секогаш ми ги броите залците додека јадам и водите рачун што сум изела и од кај истото сум го набавила. Ако не памтам, вие памтите за мене, ќе ми се најдат некогаш информациите Трула работна атмосфера, алапачи. Како шофер се чувствувам, во сред гужва сообраќај.
Убоо си тераше денов, се додека разбрав дека искомплексираната менаџерка и се истурила на најфината колешка. Епа....
Денеска сум многу нервозна и се чуствувам осамено,разочарано.И морам да си признаам дека книгата ми е најдобар пријател Ама стварно,иако во школо сите "другарки" се околу мене некако не ми се толку блиски не ги чуствувам како најдобри другарки
Многу заморно. Посакувам да легнам и да спијам,да спијам до утре,сабајле додека треба да станам за во училиште.Незнам што се случува со мене ама мн лесно се уморувам.Да можев,да ми дозволеа моите сега ке легнев и нема да станам до утре. И утре повторно со полна енергија.. И заборавив. Се чувствувам затрескано .Се затрескав во еден и постојано на него мислам.