Како да мислев дека вчера беше потешко...ама се излажав, денес уште потешко поминав. И јас се чувствувам празно и изморено од некои луѓе што немаат почит кон другите луѓе и го гледаат само својот интерес. Страшно!
Абе секогаш ќе се најде некој што ќе ти го убие расположението. И обично тоа не е кучето на комшијата, туку твојот канаринец. Ден кој почна убаво и слегуваше надолу за да заврши на подножјето на Олимп со огромна карпа врз себе.
Не е лошо денеска... само што немам цигари сега бре луѓе ... не дека сум некој страстен пушач .. ама се чувствувам дека ми фали едно цигарче сега ...
барем денес се осекам прекрасно без разлика сто имам еден куп проблеми .душата ми е слободна и др искрено и не би сакала да ме преокупира .
Како сунѓер. Впивам расположение од околината, што на моменти ми годи - ама на моменти ... и не баш. Ми рекоа сум добила на свежина. А јас би рекла на килограми .