Ооо мрзливо. Туго моја, рано станав, и од кревет на кревет вдлабнатини правам. Ама не се жалам, убаво ми е Горчливиот вкус на кафе ми се лепи по забите и истовремено ме прави задоволна, а и ми оди на нерви. Ме чека работа на машина, да подзашијам нешто, да ја разработам, за‘рѓала кутрата. Усб-то ме боцка над колено. Пиф паф пуф... Спојлер Се чувствувам......утрински насмеано, со или без кармин... на забите.
Чудно Денов рано го започнав ,доста невообичаено за мене .Се разбудив со кнедла во грлото ужасната од некои лоши соништа .Расположението како времево ,тмурно,облачно . Свртев еден круг низ "милото" ми маало ,колку е пусто разочарувачко ем тажно.Тргнав со намера да земам кафе и весник ...да се "излуфтирам" од црни мисли ,да седнам на клупа како некогаш и да подразмислам малце за се она што се случува во и околу мене .Сватив дека всушност ништо не се случува .Можеби тоа е причината што се чувствувам вака ?Имам се , а како да немам ништо .Зошто ли ?! Времево полека се опоравува ,можеби сака да ми каже дека не е се така сиво ( док имаш со некој да отидеш на пиво ) . Чуден ден којзнае што ни носи ...
Откако станав имам некои неподносливи тегоби во стомакот Дефинитивно морам деновиве да го посетам мојот ми најубав доктор И повторно, како и секогаш, тука е мојата болка во душата Ама ај си викам, не џабе рекле „времето лечи се“ нели?
Гледам ми се укажуваат некои можности, но сеуште не сум свесна што се случува. А, можеби и не верувам во тоа што го гледам. Како и останатите денови од месецов, се чувствувам чудно.
веќе трет ден по ред стомакот ме боли.. прилично лошо сум.. поспана, уморна.. се надевам утре ќе бидам подобро
Everybody has a breaking point. No matter what. People will start to break down at some point just because so much pain is being held in, that’s when they let it all out. Everybody has an area where they will easily fall apart. Епа денес баш и ја достигнав таа точка.
Интересно,зачудено,убаво,и глупо -Цацко ме тераше да пишувам мислења на темиве кај што се бројат,сум си се занела,среќа приметив на време кај 999,несакам ни да помислам да пишам во некоја од темиве кај што се бројат мислењата Си го сакам зеленково цветче и точка и запирка и извичник.
Воопшто не се чувствуам убаво. Разочарана сум од животот, се чувствувам изморена како да немам веќе желба за ништо.
Катастрофа ми е денес. Девојчето кое многу ми значеше - и ми го предложи форумот - конечно ми даде до знаење дека сум здодевен и на некој начин ме откачи... П.С. Ќе ти ги памтам тие „100 години“ 100 денови.
После 00 е сега, ама ќе кажам за 1-ви предходно Веќе долго со месеци не се чувствувам убаво Ама сепак дека ми беше роденден морав да бидам постојано насмеана. Сепак живтотот продолжува колку и да е тежок
За мене ова денес е се уште 1ви февруари. Имав нетипично убав јануари кој некако не сакав да заврши, ама со нови сили и оптимизам влегувам во новиов месец. Надежна сум дека ќе ми биде уште поубав. Денес се чувствувам исполнето, имав убав петок од кој ја искористив максимално секоја минута. А после 15 километри на точаков, 45 минути пилатес, 15 минути кардио и печењето мафини како доручек за моиве дома, ме чека доооолг, тоооопол туш, облекување пижами и во кревет. Знам дека ќе заспијам за секунда!
Прекрасно малку учење , па на шопин , кафе и кај дечкото и денеска уморна да неречам ореморена дома во 00:30 што е реткост
Како стампедо од тркачки коњи да има поминато врз мене. ... Или онаа остра болка кога сакаш да кивнеш, а те боли половината ненормално многу и повторно цела се расклопуваш со секој испуштен здив. Денов го планирав за нешто повеќе, амааа освен излежување и правење ништо - друго не ми е на репертоар. Ќе го оставам да ми помине некако, пример во грицкање сончоглед и листање одново и одново разно разни работи на Пинтерест. Наредниот викенд ми се гледа како идеален за на некое високо место, со огромен ранец на мене и добра волја. Си симнав нова тема, а кога собата и десктопот ми се средени автоматски и животот ми е среден.