Со оглед на тоа што станав накај 9 саат, прекрасно се чувствувам. Одморено, свежо. Си сварив кафе, седнав пред компјутер, малку фб, фемина и така кога ќе видам 12 саат дошло.
Како топка за куглање - што би рекла Шилеа Интересен опис на чувството после депилирање, got to admit.
Ако не шизнам од оваа безработица сега, нема кога . Ќе почне на психата да ми мава неможам веќе амаааааанннннн .
Во однос на претходните неколку дена,по љубовното разочарување ..денеска се чувствувам релативно добро..и се прашувам..зарем некој е вреден за да бидам тажна,да бидам намуртена цел ден..да поминам ден без насмевка,без дружбата со најблиските пријатели? И одговорот е тука..некој не е вреден за тоа Затоа,насмевка имам на лицето..и денот ќе го искористам максимално Ви посакувам пријатен ден
Катастрофа,најпрвин имам чувство на голема недоверба и потреба од искреност.Сакам прегратка на ова стутдено ветровито време од оној кој го немам видено две недели,ми фали....Некако се чувствувам не разбрано и глупо,а тоа што не ги искажувам моите чувства на никому, ми ја отежнува ситуацијата...
прочитав една порака кога станав и баш се онерасположив,во последно цело време сум така а нигде мислам депресија ме фаќа. ми фали прегратка,и се ќе биде во ред...
Изгледа дека вчерашната прошетка сепак била лоша идеја.Одкако се вративме сестра ми 40 температура,а јас па уште се силам викам нема шанси мене да ме фати нешто.И сабајлево кога станав,цела омалаксана,се ме болеше и кога гледам и јас температура.Ама одма почнав со апчиња,чаеви...одма превенција мора. А мама па вика ај ќе те измасирам ќе ти помине...Штоо?? Не не не она кога ме масира исто како да ме утепува,јас и онака сум нежна уште тоа ми фали