Одамна не сум имала ваква шашава недела. Денес сум даун, ме боли глава, а цела куќа остана на мене. Некако ми е штуро по дома, мајка ми и татко ми на работа, сестра ми се вртка некаде, а јас тотално сама на фотелјава. Тишината секогаш ме поттикнува да навлегувам во некои длабоки психолошки теми, па за да си го оттргнам вниманието од нив, фатив да печам се и сешто. Лута сум си сама на себе, па си се самоказнувам со гладување. И ми се оди некаде далеку. Барем на некое време да не бидам тука.
Kако што велат утрото по денот се познава....Уште од сабајле.....глупо.Поглупо,здравје.Денот ми е никаков.Цел ден седам пред лап топ без никаква смисла. :geek: Немам фатено книга, немам јадено, немам пиено.Цел ден овената како да ме нема. Поглупа Недела од ова....
ненаспана, болна уф се ме боли каква болет ќе е ова грло,температура сите коски ме болат а дремам пред компјутер оти ако легнам нема до утре да се разбудам
Мизерно, не убаво се осеќам. Читам сите нешто така се осеќаат дали е поради времето или ?! Ми се спие, сакам да си одам дома не ми се седи на работа, дремам на биро безвезе. Некогаш имаме работа глава не можеш да кренеш, а некогаш седи така дреми на биро блујај во компјутер....уффф
Не се осеќам добро баш....ми фали тој после 16 месеци вчера раскинавме.....немам никој до мене...ни другарка ни другар скроз сум сама..освен мајками ама пак неможам на нејзе толку детално да и кажувам..незнам сварноооооооо мака ми е ама и доста ми е олеснато пошо он не беше совесен и способен човек.......
Нервозно уште по рано од сабајле морав да се акам до факултет за да пријавам испити зашто господата не си го средиле системот
Денес ми се сменија многу чувства...Се чувствував ненаспано...потоа се изненадив - дечко ми ми приреди уште едно изненадување...На школо мачно и на крај ептен тажно
Разочарано, кога ја губиш довербата во оние во кои многу си верувал. Мака ми е што и се нервирам, едноставно не вреди за никој, ама баш за никој !!!!