Малку сум ненаспана, што впрочем не е никаква новост последниве неколку дена. Немам мирен сон, ме мачат кошмари, па цел ден паметот ми е на тоа што го сонував синоќа. Ми годеше прошетката на сонцево - да не е кутрево, веројатно денес не би излегла од дома.
Како со денови да немам спиено, при крај со сили, насмеана без причина (малце како издрогирана )гладна. Сакам една долга прошетка вечер и право во кревет. Како бебе ќе си заспијам. И покрај тоа...сакам се' да направам.
Лошо....се мислам дали да си одам дома и да го чекам мажето да ме чува,со температура,со болки,отечена,неспиена.....уф ама мразам кога сум ваква Гревче
После спонатните неколку часа муабет со личности кои некогаш си ги среќавал успат, си ги знаел од видување, а не си имал никаква посложена комуникација ... па ептен фино. Сеуште има луѓе желни за размена на информации, искуства ... просто кажано за дружење.
Повторно испуштив шанса ! Знаев дека треба до 8 да ја завршам работата ама, јас не... Сега се чувствувам тотално демотивирана и мутаво расположена.
Будна сум веќе некое време, ама убаво ми дојде тегнењето во кревет чекајќи да заѕвони алармот. Ме чекаат многу обврски за денес, а за некое чудо се чувствувам наспана и одморена по само неколку часа спиење. И гладна сум Ама многу! Ме чекаат тестенини за доручек. Некако ми е празно во куќава, секој си е со свои обврски уште од рано наутро... Па си дозволувам да си пуштам радио за да ги разбудам сетилата. Чајникот е на шпорет, чекам да почне да свири и веќе имам готов чај за цел ден. Се разбудив со временска прогноза на мобилен - врнежи и грмежи. Е па баш фино...