После муабетот од некој си рандом гилиптер на кој му е важно да знае што и како ви е во животот, после комплиментот дека сум ослабена (мислам цел живот сум слабичка, сега дури сум поправена изгледа му треба диоптер) :geek: ... Како и да е фала му за комплиментот и фала му за тоа што се грижи како ми е и до каде сум по патот наречен живот! Фино де фино се чувствувам и имам една крива линија на лицето денес скоро цел ден ... ...
Уште не можам да прифатам некои работи. Измешано ми е се`. Лута сум. Тажна. На моменти задоволна од своите одлуки,на моменти гневна.
Денес сите мириси и бои ми се поинтензивни од било кога... Колку може една професионална одлука да промени некои настани и да те доведе до целта.
Денес супер се чувствувам. Утрово со музика се разбудив и баш сум расположена и се надевам дека ова расположение ќе трае секој ден.
Денес сум енергична и хиперактивна! Ама кај и да е, ќе ми се потрошат батериите, па ќе почнам да плачам за да одам на планина и да се изнаспијам ко човек. Моментално минувам низ период кога посакувам да си живеев во некое малечко селце, отсечено од цивилизација. Онаму каде времето полека поминува. Ќе ме убие ова брзо темпо на живот!
Како да ќе се разболувам. Цела сум омалаксана, глава ме боли, грло ме боли... Сега ќе се фрлам на чаеви пиење, уште тоа ми фали.
Cela ovaa nedela pomina super. Ovoj den go pominav odlicno taka denes sum super MISLAM KE CRKNAM OD SREKA
Многу се радувам кога читам колку сте среќни и исполнети. Јас чуствувам дека баш ништо не ми оди од рака во последно време па така беше и денеска. Која одлука и да донесам на крајот испаѓа дека сум згрешила. Единствено што ми оди е љубовта па тоа прави да се држам на нозе.
Таква,никаква,изнервирана,среќна,измешани чувства.Во моментов би скинала боксерска вреќа,да се испразнам за нервозата од сабајлево.Утре ке одам на Водно,ке застанам ко коза на височинка и ке се дерам се додека не ме заболи грло,ми фали негде да се изнадерам,од друга страна па имам премногу за учење,вечер ке учам,неможам сега...Се ми е глупо ем мутаво,посебно дека мајка ми не е дома,па овие другиве само се караат,едино она е смирена,атмосферава дома ни е катастрофална,дерење,пискање за политика за глупости.Едвај поднесувам...