Боооо ми се повраќа од денов Следува еден хејтерски пост, да ве предупредам. Изминативе 364 дена Валентин го имаше само на Сител, во вестите. Денес го има и на Телма, и на Канал5, и на Радио2, и во Дневник, и во Вест, и во Наш Свет гарант го има! Ова не го знаат од чиста култура. Ова се слави на големо! Ќе почнат и свеќи во црква да му палат уште малку! Па Милка срциња, па Икс-икс-ел плишани мечки, црвена постелнина, долна облека со чипка, па се штиклосала, дечко и‘ на станица ќе ја чекал, па торти, па серпрајз!, па свеќички, романтична вечера.... де! Здивнете малце! За Велигден толку не се испревозбудувате! И знам, премногу извичници имаше во мојот пост, и уште толку би пишала, ама и самата веќе досадна си станав, а нема ефект моето мрчење и моите извичници исто така. Денес.... не се препотувам и не припаѓам поради некој западњачки искомерцијализиран празник. Денес сум и насмеана, и нервозна, и поспана... денес се чувствувам онака четвртокски. За мене е тоа почеток на викендот, ништо повеќе.
Ги сакам бе, ги сакам оние што блештат ( у случај да не постои зборов - од сега постои, одма копирајт барам ) од позитива и не може а да не прифатиш нешто од нив. Ма ги обожавам! Ете, впивам нечија позитивна енергија, се расонувам со огромни шолји кафе и пробувам да учам нешто. Лажам од старт, книга не чепнав - уште седам во полумокра бањарка со пешкир на коса и разлистувам тотално непотребни работи по интернетов. Крив е Пинтерест, не викам не...