Уморна и без трошка енергија. Не дека немав исполнет ден со обврски, ама денес како да немам кондиција. После неколку завршени задачи, се тупнав во фотелјава и не можам да мрднам. А ме чека вежбање и излегување. По се изгледа, батерииве ми се празни. Се исфорсирав периодов. Едвај чекам да отидам на продолжен викенд на планина. Уште денес се убаво ќе испланирам.
Како може да се осеќам кога повторно ми го одбија барањето да бидување убава се сматра за професија? И ова ми ти била држава... Ок. Не. Како? Моронски. Јадам бурек за глутен вчера,а како идиот изедов цело пакување Чоко лешник во истиот момент со задоволителна количина на млеко и НИШТО друго.А да потенцирам, нетолерантна сум на лактоза,а за глутенот имам пишувано... Ден потоа... цел ден сум подувана, потечена, поспана, мрзоволна...да не речам депре и тоа без причина!!! Е*ем ти и глутен и млеко и све!!! Ма сам себе убијал. Можам комотно да пишувам во темата за бебиња,и онака си гласи темата исхрана над 4 (или 6) месеци, не пишува ограничување. 24 години,пута 12,ете толку месеци. Житен оброк, цело паковање, на секои 2 часа... Море арно,дур не почнам памперс да си купувам од што ми се слатки и убави. Тоа ќе биде ретардираност на ниво Лилит. Чао,позз... Дур си јадев,како да јадев виножито и глитер...ама денес... можам слика да ви приложам од волуменот на стомакот...за да ме разберете... Глупача бе глупача! Ми се спие...многу.
Ужас. Главата ме боли, малаксана сум.До времево ќе да е. Си се најадов гравче денес, мислев да не е од диетата, ама не бе. Џабе си ја уништив . Ама ајде, не каснав многу... тоа е што е...
Како да ви кажам, како потресено. Ама она апла потресено! Го достигнав врвот, како може да се осеќам? Прееска трчав по автобус прилично долга релација, и додека сум трчала ми паднал некаде каишот од јакната без да приметам. И така гледам некој човек позади мене трча убрзано, мислиш стапмедо од бикови позади го брка. Се вртам еднаш го гледам трча, се вртам уште еднаш го гледам пак трча накај мене и ми дојде сумљиво. И како што ме дал Господ на моменти смотана, земав се убрзав уште толку јас - узбуџена бев до максимум, го фатив автобусот и се качив. Кога што да видам, тој што трчаше зема го сопре автобусот и се качува и тој . Е тука ми дојдоа црни мисли, си викам готова сум сега, има гејша да ме прават, Џапен ќе ја видам ин лајв . И така седнувам, го гледам задишан сирот човек иде накај мене и ми вика: ,, Девојче каишот ти падна, повели ''. Ми идеше да си ја убрцам главата во песок.. Зошто бе, ооооо зошто би ме бркал на сред бел ден, на место со постојана циркулација од луѓе? Ој, животе! Па ви реков од старт, не ми е денот.
Па како да се осеќам кога цел ден ми врти во глава Драјв бај од Трејн. E мене ми е сончево без ниедно облаче на душава. Арно и убо. Оу, ај суер ту ју, ај уил би дер фор ју, дис ис нот а драјв бај а а а а ноу! Иде и пролет! Ма животов тече со леснотија!
Многу лошо.Времето ме тера да се чувстувам депресивно.А и училиштето.Аман веке многу сум под притисок неможам да издржам.Сакам пролет, сакам убаво време, сакам забава.
Сменив премногу расположенија ама битно денес сум пресреќнаааа. Незнам како да ги искажам емоцииве веќе од радост.
... како облак, полн облак. Ама со нервози. И чинам ќе се истурам во секој момент, само се прашувам на кого.