Како мува без глава имам 300 работи за правење.Инаку среќна сум си добив 5-ка по Биологија (цел ден тоа само зборам)
Откако изминативе неколку дена убаво си ги наполнив батериите на планина, денес прштам со енергија со само 3-4 часа спиење. А по завршените денешни обврски, сега одмарам со лезетско кафе. Точаков паркиран до мене ми се смешка, ме чека да ја извозам дневната маршута. Сега уште само да си одберам некое филмче за побрзо да ми помине вежбањето
Одморена, наспана, убаво расположена, ама малку разочарана... Ме нервира туѓата неодговорност и несериозност. И мразам кога сум во исчекување и неизвесност!
Аууу ифрит нервозна! Како ми тргна од синоќа, кулминира нервозава денес! Вечерва има да се залијам чиниш лексилиум сум се напила. Многу мразам кога некој ме прави будала при здрав памет, а уште повеќе мразам кога тој некој ми е надреден и многу работи би ми отишле по ѓаволите ако му кажам што мислам! Што се изживуваш на мене човече?! Што ти е проблемот?! Очајно се трудев да си ја скријам нервозата за да не пропати никој поради мене ни крив ни должен, што дури дојдов до тој степен да тресам ненормални глупости и да ги забавувам првите три реда од амфитеатарот. Ах, да знаат само колку не ми беше лесно. Сега, со ладна глава, и со (се надевам) успешно завршена задача, конечно ќе уживам во она што остана од денов.... и од ноќва
Истепана, изгазена, расочарана, депримирана, тажна, без волја за ништо... Чувството е да повратиш, мислев дека го поминавме тој проблем и дека се ослободил од детското понашање, како што змија се ослободува од старата кожа, ама не, тој одново ме скрши и дозволи да ме повреде, без притоа зрнце кааење, со глава горе и свест, каде јас сум виновникот. Никогаш нема да се смениш, до кога ќе ми се понашаш како разгалено, грдо дете со лиги?! Почитта се намалува, време е за аларм?!