Неубаво мојот драг (фраер) цел ден се луту оти сум седела сношти кај другарками до 1-по полник.Глупости.Не се нервирам ама ми сметат неговите размислувања и сваќања.Цел ден се нервирам за другарками таа е во неубава ситуација само ја мислам и што ке прави понатаму оти нејзиниот проблем е стварно за нервоза.
Кулинарски расположена. Од сабајле бев катастрофа, ама си дојдов себе си и сега го чекам дебелово да дојде да јадеме, да види што сВе сум му спремила. Од супи, до салати, ручеци, па и благо.
Ами арно да ви кажам ... си лежам си слушам Џеси. Џ ... вечер ќе си се дотерам , ке си излезам во Кубанскиот на кеј ... ке си се пожуркам (можи и ќе падни нешто , нели убави луѓе сме ) и ќе си дојдам, ке поседам на ФБ да видам што има што нема ... и ќе си легнам ....
Денес ми е еден од оние денови кои сакам само да ги прележам буквално. Не ми се прави ништо, тмурна сум, па цел ден седам на лаптопот и се налевам со кафиња, може по паметно ќе беше да излезам, ама и за спремање немам волја, некоја мрза цел ден во мене никако да ја истерам
Незнам што имаат луѓево против мене...јас со никого не се замарам....чудно се чуствувам...на никого ништо не сум му згрешила, а многумина ми се понашаат како да имаат нешто против мене...чудноооо
Ми доаѓа да си рикнам и да си плачам и да си плачам , утре испит а се осеќам како да ништо незнам , отварам да повторам ииииииии има што да видам, , оф ке си пукнам зошто учеввв
Се`уште не го осеќам март. Да не ги видев сликите со фамозното *месец* please be good to me - насекаде по интернетов, уште ќе мислев дека сме на половина февруари...
Значи незнам како али секој ден успева да ме изнервира, а сега одсабајлечки да го зашлакам еднаш да му дојде памет он мене ке ми вади живци секој ден
До пред 1 час, полна со енергија, а сега би сакала само да јадам благо и да лежам, да гледам ТВ.. знаете ПМС
Kaко некој со чекан да ме удрил по глава, голема главоболка имам. Претепана, омалаксана, а какви планови имав за вечерва....
Моментално сум во една доста глупава ситуација.. но сепак свесна сум дека на крајот победата ќе биде моја. Ми преостанува само да останам стрплива. А тоа ми е најтешко од се. Се чувствувам многу збркано и пред се нервозно.
Малку ненаспана и се уште сонлива, а веќе ги кројам плановите за денешниов ден. Ќе има многу работа оваа сабота. Временцево надвор нешто е смуртено, а тоа баш и не ми годи. Ама затоа за доручек ме пречекаа тазе тестенини - и веќе се е поубаво
Времево на психа ме мава Што убаво си беше вчера. Како да излезам на вакво време и да бркам работа, а? Уште не можам да се донасмеам и доначудам на се‘ што се изнаслушав синоќа Не знаеја што работат, како муви без глава. А другарката - главна. Пред шанкот, шанкерот, и вишата сила