Фантастично! Денов ми е супер,иако вклучуваше учење,уживав во него до сега,а се надевам дека ќе продолжам така до вечерва.
Значи единствената работа поради која мразам што сум женско е лудото ПМС . Само што кај мене е после заминувањето на гостинката, јас полудувам и покрај тоа што имам причина моментално да се радувам и славам, ја беснеам... буквално сум бесна. Се ме нервира, ми се плаче, викам, ревам, се мразам околу себе . Се чуствувам како на конец да висам со нервите, баш чудно а до пред 2 саата бев присебна , не абе јас велам не е лесно да си женско
Oнака напнато. Имам многу обврски да завршам. Морам да се издипилирам, да вежбам, да научам лекцииве и така.
Жими се што немам, осечам се заљубљено. Уште од кога сите можни ѕвездици полетници се испоредија во рибана, јас се осеќам љубојно. Денес па.. особено. Мислам зрачам со црвени срценца и трепкам, мигам, воздивнувам, свиркам, певуцкам,црцоркам...абе, љубов е ова и панаѓур. Што оптимизам, што маглишта ќе беше ова рибава. У бестрага. Животот е за љубење... Туку, во марс е силата. Да не ми требаше храна, да не требаше да се плаќаат сметки, да не требаше за многу - небитни, елементарни работи да црнчиш, без било какви амбиции да се луксузираш, изиграваш Џек низ град... би јас сево ова од погоре. Радо би.
Како тинејџерка на која прв состанок и` закажало најзгодното момче у школо шо го мерка со месеци. Со голема возбуда и по некоја солза ги бројам часовите, деновите до денот на кој ќе дознаам дали ќе си останам само јас, старата добро позната Теси, или ќе се искачам до тоа толку примамливо скалило. Во секој случај задоволна сум. Ретко се случува да бидам во ситуација да можам само да добијам, а не и да изгубам. У позадина на сите тие емоции иде песнава... http://www.youtube.com/watch?v=mJtM7SRo6l8 Ве сакам!
многу убаво.си станав порано сабајле,сега ќе си пиеме кафенце со другарките, задоволна сум. и среќна.