Тапа е, знаете?! Ептен е тапа кога ќе ви забранат една од оние работи во кои претерано уживате. Згора на тоа, добивате грст апчиња и се чувствувате како баба ви, дури и и‘ се восхитувате како успевала кутрата да запамти што и кога се‘ треба да пие. Грдо се чувствувам, грдо. Никогаш не ни помислував дека мене може да ме најде такво нешто. Ама ете. Благодарна сум бар што сум жива, ако не друго. Goodbye my lover.
многу тажно и осамено, зарем е мозно од толкав град и нон стоп излегување сепак да нема за мене девојка , зар мора да ми помини младоста сам без некоја за споделување нежности ???
Како и секој ден последниве две недели! Пребројувам страни, неможам кафето на раат да си го испијам... Овие колоквиумиве, завршниве вежби- мир не ми даваат! Нека поминат веќе еднаш зошто, жими се' ќе скренам од што сакам се' да постигнам, од што сум болно амбициозна! Денес на цело учење и станов го чистев, тоа дополнително ме измори, ама и тоа го мразам - што сум педантерија жива! И плус ПМС ме дрма, осеќам бурни денови следат... Со ова темпо до петок...валда! Се надевам барем дека ќе е така. И ми фали тој! Мноооогу... До петок... Уште едно можеби и тука има! Аххх...
Понеделнички неделава ми започна со целодневни обврски. Секоја вечер си велам дека ќе си легнам порано, ама не - мене секогаш после полноќ ми истекнуваат некакви задачи кои „морам“ да ги извршам. А потоа со право станувам ненаспана и мамурна... мислејќи на моментот кога ќе си дојдам дома и ќе се фрлам во кревет. Единствено кафето ме спасува и ми е гориво кое ме држи цел ден. Ама некако дневата доза почнува да се зголемува, а тоа не чини. После секодневната рутина вежбање и убаво потење, конечно можам да здивнам во меурчиња што мирисаат на кокос. И најубави ми се ваквите постполноќни излежувања во када, кога сите спијат и никој не ми досадува и тропа на врата. И имам време да се шлапам со секакви креми за секој дел од телово. Па сега се чувствувам како нова. Како препородена! Миризлививе пижами ме тераат да си се самогушнам. А во меѓувреме, ме чека мека пролетна постелнина. Зимската веќе ја ставив во архива.
Во последно време ме следи постојано некое темно, тмурно и лошо облаче, што ме демне и е цело време над мене. Свесна сум дека многу работи ги отерав каде што не треба, и криво и лошо ми е. Ги слушам Skunk Anansie, летам со мислите на тристра различни страни и се надевам дека во скоро време и мене ќе ме фати сон.. А ноќта ми е проклето кратка. Ја осеќам тишината и и`се препуштам целосно. http://www.youtube.com/watch?v=LLs-JP5FGAg
Тешко ми е и цел ден плачам. Јас стварно не знам како ќе се живее. Ќе излажам ако речам дека нема напредок, дека не ми е барем малку подобро, зошто ми е. Ама многу малку. И денес ете пак се чувствувам како прегазена од воз. И не поминува ден да не помислам дека е претешко да се живее, дека нема поента, само страдање. И пак се борам со сите сили, навистина се борам, секој ден сум на работ пак да легнам во кревет и да не станувам по цел ден, ама некако се изборувам со таа желба, се трудам барем некаква активност да имам во денот. И зошто мора да е олку проклето тешко? Најлошо од се е што немам никаква утеха, не можам ништо да сменам и немам зборови кои би си ги кажала за да ми помогнат да се чувствувам подобро. Мразам што сум ваква, беспомошна и слаба. Ама ме боли, буквално физички ме стегаат срцето и грлото. А уште полошо ми стана кога видов дека антидепресивите биле тие што ми давале каква - таква енергија. Два дена заборавив да се напијам, третиот ден немав сила да станам од кревет, и кога велам немав сила, мислам на физичка сила, не само психичка. И се разочарав зошто сфатив дека само од нив се чувствувам подобро, а мислев дека сама правев некој напредок. Не којзнае каков, ама сепак напредок. Знам дека тие се за тоа, да ми помогнат, ама разочарувачки е да сфатиш дека единствено од нив се чувствуваш подобро. А најлошо од се е што немам со кој да разговарам. Никој не ме разбира, дури ни дечко ми за кој знам дека сака да ми помогне, ама не ме разбира, не знае што да ми каже, а и чувствувам дека почна да губи трпение со мене. Ужасно ми е денес, ужасно... Нема ден да не ми е тешко, ама денес ми е посебно ужасно
... као да су ми све лаџе потонуле ! Додека целокупното човештво страда од поствикендски и понеделнички депресии, јас почнувам да пејуцкам депресивни ноти онака, вторнички. Официјално кажувам, дека го прогласувам вторник за најдепресивен ден од седмицата. Се чувствувам толку мизерно и нерасположено и немам попродуктивна идеа, освен онаа за конечно да го наместам креветот за да си легнам. Тотално непродуктивен и мутав ден.
Ми игра левото око, како што ми игра живецот. А, живецот можда и да ми игра ради левово око. Нешто грдо се спрема. Грдо и големо, оти неколку дена игра слепчото.. и богами, со левото послабо гледам Ти реков дека честитав роденден. Мачно ми е. Ама