Чуствувам дека настинувам. Те сум затната, те ми тече носот. Грлото ме гребе. Ми се јаде и многу ми се спие. Цел ден сум слоу емоушн, со паметот на моменти фокусирана на блиските планови, а целосно на лиснати со сирење, виталија гранули... Безвезе ден, зини да ти кажам.
Денес се чувствувам посебно грозно. Настинката никако да ми помине Не можам од кревет да станам веќе трет ден. Се надевам утре ќе сум подобро
Многу ми е бош денов. Недела е ден за семејни дружби и заеднички ручек, особено ако е некој ваков убав празник. Ама ете, некој мора да оди на работа и денес... Со сестра ми утрово се разбудивме во празна куќа. Гледам надвор сонце, па си тргнав да го прошетам кутрево. Собрав толку студ, што мислам дека кај и да е ќе кренам температура. Сонце со заби! Ако ништо друго барем заедно ја исчистивме и светнавме куќава. Па сега сум изморена и гладна. И тоа многу! Ручек за време на вечера... Колку ми е испревртен наопаку денов...
Онака, баш онака. Деновиве не ми се погодени, само некои глупави мисли ми се вртат низ глава. Немам спиено убаво веќе неколку дена и ме нервира креветот. Вечер на земја. Прочка заради кадаифот ја почуствував само. Чекам да помине денов и не ме плени ни наредниот. Период ли е, не знам што е, ама нека помине.
Како да сум во пмс!(А дефинитивно не сум) Цел ден си бев супер, баш си мислев како не знам зошто толку многу ја мразам недела како ден, и дека уствари и не е толку лоша кога немаш обврски.Се су беше добро до пред 10 минути.Ме фати некоја тага, апатија, се осеќам осамено...Ах бре жени, како да не разбереш, кога ни сами не се разбираме?
Имав поинакви очекувања за денов неколку дена порано. Ама и јас, како и временската прогноза на интернет, се менувам од ден на ден. Па така, ако неколку дена порано мислев дека денов ќе ми биде сончев со насмевка, денес го чувствувам крајно облачен, каков што и беше. Не се чувствувам дождливо, ама тука така сум. Онака. Ако не друго бар се дотерав и обоив усни , да разбијат во црнилото.
4 ден по ред со главоболка И како што имам добиено ПРЕКРАСНО Се ми смета, се ми се плаче само се нервирам
Глупо.Се разбира и јас како времето глупаво .Цел ден ми е лошо,скисната сум,ми се плаче.Требаше да станам Биологија ама како видов како испрашува размешано....умот да ти го помати ме фати страв и не станав.Наредниот час морам да станам да одговарам од 2 теми(80страни).Премрена сум веќе од се.Немам сили за ништо.Тажна сум и ми се плаче
Цел ден напната за тестот по Географија.Сега сум малце порасположена.Се изнасмеав пред малце со мајка ми.