Тажно благодарение на некој место да го израдувам дека положив ние се испокаравме до степен сто предмалку се исплакав и сега ми е некако тажно глупо ...
Аман неможам веќе ќе полудам и од болки и од овој ПМС . Расположението ми се менува во секунда пукнав веќе, колку и да се контролирам неможаааамм !!! А времето ќе ме досреди, овие два дена неможам ништо да поднесам а најмногу неможам да се поднесам себе
Можно ли е да само едната страна од главата ми спие... десната. И десното око така ми мижурка. Ако е можно,така се осеќам. Посакувам и левава да се исклучи, ама тешко. Се препив кафе. Душата не ми е мирна... мада и таа не е баш целосно активна. Вчера или завчера,не ми текнува, ми идеше да задавам една кокошка и да ја испечам. Ама,не ја. Јадев викендов кокошче..доста е. Реков нешто,се завртев и заминав ..кога, ја слушнав уште како вика.. а, ти сакаш нешто да кажеш? - Не. Никако. Кажав јас се. И така. Кога си у средина каде човек на човек е волк, а сите волци пред главниот волк се само овци, онда и зилион пати да ги видиш истине колеги по ходници, зилион пати ќе им кажеш Здраво, сеедно првпат ги гледаш. И јас станав од тие „здраво“ и брига ме. Па и што друго да им кажам побогу. Прво само се насмевнував , сега ми се чини некултурно да на нивното здраво само се насмевнувам и кимнувам со глава, па велам и здраво здраво Здраво здраво! Уште да беа здрави..психички, ок ќе беше. За мене се знае. Родена сум со пореметување. Ко да умирав пред некој ден..така се осетив у сон и се разбудив и тоа чувството си продолжи некако,паѓањето,вртењето И немаше ходник,немаше светлина имаше дупка. Изгледа долу ќе одам на крајот јас,а? Јао, какво изненадување. Се мрднав периодов,повеќе од потребното. Ми фали муабетењето со рибата. Ептем ми фали. Како да го кажеш тоа на глас. Џаба. Се таја му е..на животецов,мој... можда другите им е по ок. Што знаеш. Чудни се овие години. Буден си, а оно и тоа џаба. Ништо не можеш да сториш, а се сфаќаш. И онда кој ташак сето? http://www.youtube.com/watch?v=zLL4KPLQAjc
Овој четврток ми е еден од оние тмурни и депресивни денови, без некоја особена причина. А кога сум даун, не сакам да ширам негативна енергија, па избегнувам средби. Откажав излегувања, шетања и кафиња, па си се стуткав во аголов. На секое прашање одговарам со два збора, затоа што не ми е ни до муабет. И ич не си се сакам ваква. Да не студирав право, сигурно ќе студирав психологија. Премногу длабоко навлегувам во анализа на туѓите постапки, а вечерва си се анализирам сама себе. Уште да можев и некоја терапија да си препишам, не ќе беше лошо. Имам некоја грутка во грлово, како да ми тежи нешто на душава. Ми треба воздух.
Тешко ми е од самата помисла на живеам без една од работите што моментално ме одржуваат на нозе. И упорно ми се вртат разни сценарија низ глава, и упорно самата се ставам во една глупава позиција. Од мака ми доаѓа да вриснам колку што ме држи глас. А времево никако не ми помага. Кога ќе ми текне на чадори, чизми, мокра и извиткана коса, и еден куп папки и ташни во рака, ми иде да си легнам свесно, да го преспијам цел ден и да се разбудам дури кога ќе има надвор сонце и зеленило. Вака губам желба за се. http://www.youtube.com/watch?v=e0G64nHwdvE
Јас се чуствувам се чуствувам ,леле заборавив како се чуствувам. ААА ми текна се чуствувам УМЕРЕНО ОБЛАЧНО како времево сто е денеска