Песна,асална, достојна за душава, за моментот, за потоа, за утре и задутре... за деновите потоа.. едноставно, н е м о ж а м .... да си најдам. Денови,недели... истото се дешава. Пушти...бла-бла-бла...преврти очи- исклучи. Баш затоа што така се осеќам. Баш. Ќе заборавев. Толку ми иде да се издерам...да им покажам среден прст и да им речам "so long suckers!", ама оно пустото увек у глава ти се чини савршено,а у реалност изгледа КАО, тро-тро, ма одповеќе ретардирано... така да, само ќе си го замишљам и ќе се смешкам под брк... ќе си прешкртувам. Тоа му е мајката.
Како воз да ме прегазил. Не телесно, физички, туку чувствувам како низ душата и срцето да поминал. Распарчил се' што може да се распарчи на милијарди делчиња кои и да сакам не можам да ги составам. Чувствувам како пак некој ми ги истргнува конците од рака, и не ми се допаѓа тоа воопшто.
Поооолна со енергија.Имам спиено само 4-5 часа а цел ден сум на нозе.3 часа од денот го поминав во салата на аеробик, после 1 час одморив, па излегов надвор се шетав....И цел ден одам нагоре надолу.Денот ми е убв и исполнет.
Нервозно... што среќа ке имав во љубов у пм нека оди!!! Аман веќе! Што фино дете запознав, па колку ми е мил тоа чудо едно, за на крај да каже дека оди на работа во странство во мај, а се враќа во ноември. Епа браво!!! Како беее леле беее ќе си ја мавнам главава од ѕид, зошто ова ми се дешава... Се напнав денес максимално!
Први април е, ама искрено мене ич не ми е до шега. Моите моментални чувства на овој прекрасен пролетен ден ми предизвикуваат силни нагони за повраќање...буквално. Ми се повраќа од човековата НЕчовечност и од границите до кои истата оди. Ми се повраќа од она речиси оргазмично задоволство кое го читаш од лицата на луѓето кои се обиделе да те срушат, да те тргнат од патот по кој си тргнал поттикнат од сопствените убедувања и способности. И сето тоа зошто? За да оствари таа дотична личност некој личен хир и да даде 10 пати полош резултат од оној кој си бил спремен да го дадеш, пред се` затоа што на истото, ти си му пристапил со 1000 пати повеќе љубов и вложен труд, а за него е „играчката на најгорниот рафт“ која не успеал да ја дофати па мора некој да го поткрене, а тебе да те турне. Таквите не-луѓе (да ги кажеш луѓе е навреда за родот homo sapiens во општа смисла) мислат дека задушувајќи го подобриот од себе, луѓето ќе ги гледаат најдобрите во нив. Но, таква слава не трае долго. Секогаш се наоѓа поподол, по-бескрупулозен и понеспособен од нив да им го направи истото, со разликата што за нив, тоа ќе биде заслужено, затоа што прилично фер е во животот да си настрадаш од сопственото оружје. Така што, топло им препорачувам да не се оближуваат пред да бидат сигурни дека не им загорел ручекот. Толку-а од мене, oд Господ повеќе. Од Неговиот суд тешко ќе избегаат.
Посесивноста во мене ќе ме убие и уништи пред се психички, некој ден, предосеќам. Никогаш не сум била попристрасна и попосесивна од моментов што сум. Глупав ден, просечен, досадни луѓе all around me... Mи треба нешто да ме размрда. http://www.youtube.com/watch?v=niLW55V49Yw
Тмурно ...како времето надвор.Дај веке нека огреее сонце да ни се разведрат мислите доста со ова тмурно време.......