лошоооо страшнаа настинка ме фатии грлото ме боли и сите мускули ми се воспалени стомакот,грбот,градите...неможам да спијам да легнам на стомак неможам,да легнам на лева-десна страна неможам како некој со нож во гради да ме боде,да легнам на грб неможам грбот ме болии КАТАСТРОФАА !!!!
да се обидуваш да сфатиш, да бидеш трепелив да го прифатиш она што другите го сакаат, и се само за да биде се во ред за да им удоволиш а тие? идиоти безобразни без никаков осет те третираат како ништо а се прашуваш зошто што направив, каде згрешив? највеќе боли од тие што ги сакаш а тие едноставно не те приметуваат дека постоиш
Како заспана убавица со шишки Завршив со обврските сега ми преостанува да уживам .А кој не би ,на ваков убав ден ...
http://www.youtube.com/watch?v=9jK-NcRmVcw Како што наближува денот, јас се чувствувам се‘ помала и помала. Може ќе се вратам во тинејџерските денови повторно Им се радувам на гулабиве што ме ѕиркаат низ отворениов прозорец, пеам дур ме држи глас на огромно задоволство на соседите , чувствувам смешни мали бумбарчиња, штркчиња, или што и да се во стомачнава празнина (или можеби ми се јаде )... ...и ни случајно нема да дозволам една двојка и една единица фатени под рака да ме натераат да се муртам и да си додавам брчки на лицето како единствен доказ за годините. Но но сењор! Се чувствувам ПРЕКРАСНО!
Како се чуствувам ??? Посакувам да се вратам едно 5, 6 години наназад кога единствената мака ми беа испитте, не дека немав и други ама ако се навратам уште поназад имав проблеми до болка. Него сакам да кажам дека факултетските денови ми беа најубави, поопуштени и помалку безгрижни. А сега ... фала богу саканите живи и здрави тоа е најважно, но јас.. јас се осеќам мизерно, незнам кој пат да го фатам а да не се запрашам дали ќе погрешам. Сега кога работите треба да се средуваат мене во главата ми е тотален хаос. Има многу што ако ... ама се додека не пробам нема да знам, но сепак не сакам да избрзувам, ма едноставно не сакам да ме притискаат, ми доага да врескам од бес, лутина, нервоза. Понекогаш се прашувам зошто секогаш правам се како што треба, да биде морално и етички задоволено како што треба, барем да ми се врати со добро, и не, не се каам што така постапувам ама зарем ова го заслужувам да грицкам нокти од немање излез на ситуацијата . Ма не, не сум јас да безделничам, сакам работа, не сакам богатство, сакам нормален живот, зарем многу барам . Очигледно и премногу кога не можам да мрднам од место. Грозно чуство