Денеска беше еден од најубавите денови во мојот живот малку сум засрамена за тоа што извикав на сред час ама нема веза важно денес беше возбудлив и убав ден толку сум среќна што мислам дека ќе почнам да скокам и да викам на цел глас а срцево цел ден ми чука возбудено
I had such a bad day...Денес цел ден дома,цел ден ништо не правев,главата ќе ми пукнеше .Ај утре ќе е подобро,знам.И ќе излезам малце,да не е ко денес...
Кафе во 3 по полноќ, после долг освежувачки туш. Под туш секогаш ги донесувам најважните одлуки во мојов живот и таму секогаш паѓаат најдлабоките психолошки анализи. За да одговорам како се чувствувам денес, морам прво да дефинирам што се подразбира по поимот денес. Периодов ми е upside down, а освен тоа, чувствувам дека ќе зажалам за шопската што ја изедов пред малку. Кога ноќта ја поминуваш во учење, организмот ти бара енергија, па силно се борам со мојот апетит. Малку ми жеже на главата, ќе да е од целиот материјал што сум го распослала на масава... Во меѓувреме ги лакирам ноктите со коректор и знам дека мојот пореметен биоритам и нездрав начин на живот почнува да ги покажува своите негативни последици. Ако под денес подразбираме дека веќе е среда, сигурно во наредните 20тина часа уште неколку пати ќе можам да си ја опишам моменталната состојба во темава. Сега би рекла дека сум: ненаспана, малку нервозна, загрижена и гладна.
...@ DB ...looks like your honey aint gonna get some "honey" tonight, a?... ...јас се чуствувам расположен и спремен за на работа... ...ве љуби мастерот...
Денес заклучив дека натпреварите во училиштата ги мразам поради тоа што само се измачуваш премногу бадијала. Денес денот ми е премногу досаден поради везбање за натпреварот незнам што да правам ама знаете што не се воопшто грижам одам само за забава
Од сабајле ужасно лошо,подоцна се видов со дечко ми и се расположивв,се смеев..подоцна поторно лошооооооооо..и така си остана ево си плачам како некоја будала..
Осамено,многу луѓе околу мене,до мене се сите што ги сакам семејството,другарки сите живи,здрави,весели,насмеани а мене пак нешто ми недостасува,некој недостасува.....незнам ни јас кој
Одличнооооооооооооооооооооо...му благодарам на Господ што ми подари животтт...Животот е прекрасен безразлика на се !!!!!
Од сабајле супер ама постојат такви луѓе што можат за секунда да ти уништат се Но сепак си чувам од тоа супер од сабајле да си имам за цел ден
Поздрав феминки се надевам дека сте добри .. Денес иако беше петок ден за уживање мене ми помина над книга Но се надевам дека утре нема да биде како денес имајте убав викенд ве поздравувам
Се плашам и тоа многу.Како ке живееме сега. Сите сме невработени. Со моите 8000 се живееше некако.А сега ги нема останав без работа а Господ знае колку се трудев.Бев вредна чесна и уста имав јазик немав.Останав без работа зошто за прв пат овие години го одбив газдата. Јас сум работела се дури растиварав и камиони сол и сега НЕКА ДОЈДЕ НЕКОЕ ОД ТВОИТЕ ДЕВОЈЧИЊА НА РАБОТА МЕСТО ТЕБЕ . МОРЕ ОДИ ТАМИ ке трпиме за леб ако треба ама чесноста не си ја даваме посебно па на луге како тебе . Еден е Бог ке ни даде секому според заслуженото .Се надевам на негова помош и дека еден ден се ке биде добро ама сега се плашам до коска што се вика трперам, треперам ....ама жива сум .
се чуствувам како без домник препуштена сама на себе без никого и без пари и излез нема лавирнит или ке биде или не!