Среќна сум ко роденден :3 иначе утре ќе ми биде лошо што ќе требит да одиме сите на систематски т.е сабајлево а после нашколо пак аман цел ден нема да сум дома ! -.-'
http://www.youtube.com/watch?v=QbeHq1CLqJ8 Мене ми е само многу жал. Ама... тоа за другите. I must go on standing You can't break that which isn't yours I must go on standing I'm not my own, it's not my choice И, како беше она, последното...цитирам, „и, престани да ги спасуваш сите околу тебе“. Тогаш, зашто ова дотрчкување, да , со сила го спасува човек? И, кој тоа впрочем,јас? Зар. Февраль. Достать чернил и плакать. Писать о феврале навзрыд. Пока грохочущая слякоть Весною чёрною горит. ..и црната ја сакам меѓу другото. И ми е мир. Тоа пропуштив да кажам де,друго и што би. Мир ми е. И ѓаол ми е.
Малку, малку ми фали да збеснам. Ми се врие нешто од внатре, се крчка ако сарма. Па добро, возможно ли е некои луѓе до толку да бидат без осет, без идеја дека планетава ни Земја има една друга, своја лична и персонална оска на ротација? Прво, оставаме се за во последен момент. После кога ќе решиме се премислуваме, од некои глупави причини. Ама не е тоа важно, дај јас моето да си го истерам, батали другите. Си гризам јазик шест месеци уназад ама ако отворам уста нема да затворам верувајте. Да се доведеме на тоа да си се препрашувам за пријателство од шест години дали го бива или не? Не сакам, не сакам да ги видам. Минимум една недела, па може и подолго.
Солидно се чувствувам денеска, добро е. Малку главата ме боли дека касно си легнав синоќа, едно кафе сега ќе испијам и топ ќе сум.
Еј ама ми е супер денчево засега пу пу да не урочам...си имам очекувања и за вечерва мх мх мерации ! А и сонце !!
Одморена, иако трпението веќе не ми е на завидно ниво. Сакам да избегам од градов на некое време, веќе неколку месеци немам отидено никаде, а тоа е премногу за мене. Кројам планови и во глава веќе си ги пакувам куферите. Ми дојде преку глава од учење, полагање, запазување рокови, пишување научно истражувачки трудови... Некаде околу 5 часот утрово, станав од удобната фотелја во која ја поминав ноќта, ги затворив книгите (затоа што некој некогаш ми беше кажал дека книгите не се оставаат отворени), облеков џемперче и излегов на тераса на свеж воздух. Да ги избистрам мислите пред да си легнам. А денешното утро наликуваше толку многу на оние летни свежи утра кои навестуваат топол ден. Кога ги правиме последните подготовки за летниот одмор, ги спремаме куферите и по милион пати проверуваме дали се ни е тука. Пасош, пари, осигурување, лекови, апарат, полњачи... Ми се оди на одмор!
Прекрасно. Сонував како живеам во Барселона, сликам мостови и возам точак. Цел еден живот, во толку краток сон. Да ми се оствари.
УЖАСНО !!! Стомак ме скина, ни апчиња помагаат ни ништо, а психата како на центрифуга ми е аххх во вакви денови да не си женско
обично кога сум тажана отварам фемина кога ве читам полесно ми е знам дека не сум сама има како мене нерасположени и што не им е денот денска правевеме пол година на мајка ми и катстрофа ми е не ми е верно дека ја нема ми фали гласот нејзин и се нјезино зошто ми ја зеде господ толку рано!
Како провинционалка Некаде на форумов прочитав дека „само провинционалките одат на Водно по тренерки“. А јас кај по тренерки и патики, па и пешки му ја опраив до врв. Наместо фино и културно да си се качам со жичара... Иронија на страна, преморена сум. Поминав едно полно работно време во природа, пешачев и се сончав. Сега едвај чекам да се фрлам под туш, а потоа во кревет...
Лошо е кога упорно дозволуваш да ти искористуваат добрина, и лошо е кога на крајот на денот се чувствуваш ти ужасно заради нечија глупоќа. Ете така, ужасно се осеќам. А штета имаше потенцијал денов да биде убав. I'm out..