За чудо, понеделнички свежо се чувствувам иако спиев само 3-4 часа. Денот добро ми почна, со шолја топло млекце и музичке, си се спремив за нашколо, е сега ако не ми го расипат денот наставниците или соучениците добро ќе биде.
Како времево. Де дувам, фучам, де се смирувам и предам како маче. Де подроснувам и ми доаѓа да плачам, веднаш потоа се штрекнувам и се стегнувам, се дујам како темен напнат облак кој се мачи и не ги пушта капките да паднат. Во мене кријам вистинска бура и прашање на време е кога ќе истурам. А дотогаш...
Го знаете она чувството пред нешто големо и битно, испомешано со трема, страв и милион други глупави чувства успат? Е, така. Бетер од бучкуруш. Cheers!
Денес се чуствувам прекрасно викендот да не зборувам како си го поминав едноставно ПРЕКРАСНО денес отидовме кај една другарка и таму малку се забаувавме у школо малку смешки ваму таму дма сега иако сум сама во соба сепк се “газам“ онака ставрно од смеење си пишувам со другакине во група и се смееме до даска од Викендов сватиф многу дека треба само да се чуствуваш ОПУШТЕНО и тоа е поздрав Феминки се надевам дека си поминавте и вие прекрасно за празниците
Браво за мене, зарем пак ќе поминувам низ ова сра*е . Зарем неможам да бидам старата храбра јас, која не можеше ништо да ја сруши аааааааа по ѓаволите . Откако ја слушнав лошата вест немам мир, зарем на секоја вест што ја слушнам на вести така ќе се чуствувам . Душата ми ја распара овој немир, желудникот ми се направи тврда грутка, паниката пак ме мавна . Кога ќе се променам, кога ќе почнам да не ставам се на срце, уффффффф аман, амаааааааааннннннннн . Ќе исклучам и тв и интернет и се и ќе читам и ќе читам, ќе се заглавам со моите романи, така ми е најубаво. Каде и да свртам само лоши вести
Имам очајна потреба од одмор. Ама не од одмор во кревет, туку од одмор некаде далеку од овде. Секојдневниве обврски ме убиваат, a за брзо време ќе дојде момент кога нешто ќе ми штрапне во главава, па ќе си речам: Let's go to Bali!
Тапа некако, безвеза. Ми се чини ни десетка во индекс не ме орасположува. Знам и што ми е. Тоа е. Не дирајте ме!
И јас не знам како. Навидум сум ок, но во мене се случува бура - борба на чувства, мисли, спомени, луѓе... ... и ме измачува, а не можам ни да заплачам, божем за да ми олесни. Немам ни солзи повеќе, ни нерви, ни ништо. Нека помине се побрзо, не можам повеќе вака.