Рани душа да те слуша. Јас мојава ја ранев 30 години и не ме слуша. Сакам друга! Нек иде у три лепе мокше материне! И пар очи ми требаат. Очајно и тоа. Нови. ТуЈГи да се, да се видам, да се... плукнам,да знам што плукам. Овие ми ги урочил некој. Jа верувам, ја не верувам. Мислев ќе ме заобиколи бурата,оти, уште пред неколку дена требаше да ме накисне. Tокму реков - шуќур, ете ти. БеЛа. Ме удави. Ми шкрипат дури коскиве дур одам. Не ми се оди. Поима немам нит каде сум, нит за каде сум. Хелоу, ајм Блу, уат калар ар ју
Одвратно.Многу лош период,се надевам брзо ќе помине.Многу лоши работи се случија овие два дена,се надевам нема да ми ја расипат матурата.Како и да е после дождот доаѓа сонце
Зафркнато, по втор пат. Паѓам на ист начин. Разочарана сум. Очекував повеќе, а воедно и не ја знам причината за таа постапка. Повторно она глупаво чувство исто како првиот пат... Параноична сум.
Нова, wanna be fish in your sea,а? Зар ова ја заслужувам? Изглеа. Па јас толку риби немам јадено,за сега кармата да ми враќа.
Ако кажам одлично ќе ве прелажам. Ете денеска се чувствувам најадено. Полно ми е мешето амА има место за уште.
.. ...психички како да ме тепале со 3 стапа. . .конечно собрав сили и го откачив кретенот од мојот живот... . ..како голем товар од грб да симнав,ама не сум среќна..сепак понесреќна бев со него....
Ненаспана и се уште нерасонета. Ама мило ми е што успеав рано да се извлечам од креветот на вакво тмурно време. Ме чека зелен чај и кафе за расонување и терасата со столче и маса за учење.
Во недоумица сум. Се чудам на себе, се чудам на една X персона, се чудам на се што ме опкружува и на целиот свет. Длабоко повредена сум, но веќе научив како да се справувам со тоа. Сепак не е како првиот пат. Тогаш бев уште позачудена од сега. Само се тешам со тоа што сега веќе знам што треба понатаму. Два пати паднав во истата стапица и не... сеуште не можам да гарантирам дека е последен!