Ненаспано! И со тешка главоболка, ете цел ден ми трае истата. Како да сум пиела и да сум се препила алхохол.
Sarcasm level: 1000 На се наоѓам некој ваков коментар и одговор, да ме остават во автобус цел ден да се возам, лом ќе ги направам луѓето.
Мамурно ама и некако подмолно. Осеќам дека некоја енергија кружи околу мене, гарант нешто ми се спрема. Или ми го спремаат луѓенцава што ме сакаат или универзумот. Гарант деновиве ќе ми се случи нешто убаво. ОсеЧам.
Иако е период на тестови и испрашувања јас сум полна позитивна енергија и си кулирам пред комјутер не мислејки на утрешниот испит по Историја ниту мислам кои предмети ке ми се паднат на екстерно.Си баратам по нет гледајки убави идеи за лето, барам онлајн часови по англиски јазик, гледам убави слики. Убаво ми е вака.