Денес имам причина да се чувствувам тажно, изневерено, скршено, но решив дека ќе се потрудам максимално да останам со мирна глава и нема да дозволам нечии фрустрации,комплекси и "затуцани" размислувања да ме фрлат во депресија.
Уморно.Цел ден рибам ,чистам,пеглам...померам кревети,размафтувам пајажини,и сега ме боли ногата.А рерната ....како мамут да сум печела во неа ! !
Кога јас сакам да му кажам некому нешто веднаш го правам тоа,но мислам дека веке треба да се воздржувам.Денес за прв пат премолчив пред неправда.Секогаш јас бев таа што се буни и не и е се како што треба секогаш само јас зборував.Зошто поради другарсто.Хахахаххахаха другарство.Имам ли јас другарки? Имам ли јас берни другарки ? Е немем! Кога човек е излезе од својот кристален розов свет ке сфати дека другар не оваа планета не постои.Другар значи да се фрли во оган за тебе без разлика на се без да мисли што потоа.Да имав една таква другарка барем една знам дека би го правела истото за неа дупло би и вртила но немам. Сите мислат дека околку нив имаат многу другарки но за дзабе не се рекло во тешко се познава кој ти е другар.Јас тоа уште пред една годи го сфатив ,но за да се уверам во нешто јас треба три пати главата од зид да ја удрам.Денес конечно ја прифатив вистината.А за момент помислив дека има некој со кој го споделувам минатото и можеби не е и таа личност како останатите ,но на еден или друг начин со себичност или лага пак се докажа ланската теорија.Јас другарството сум го барала кај погрешни личности .. Денес ги отворив очите и сфтив кој каква вредност има во мојот живот.Јас секогаш го занемарувам она најважното а трчам по недостижното.Не се обидувам да порменам ништо повеќе. Јас во животот покрај фамилијата имам и некој друг кој секогаш е до мене без разлика на се.Е тој за мене би се фрлил во оган Moжеби до сега не го вреднував и не го гледав иако ми беше пред очи но од денес знам кој ја заслужува мојата доверба и вистински пријателство.