Како времево...поспано,нерасположено..и со мисли дека треба да седнам да учам.Сакааам сонцеее,нејќам испитиии!!
Малку загрижено, лета времево, премногу обврски и стресови. Само нервиве и здравјето да си ги сочувам, и да го завршам тоа што сум си го зацртала за наредната година. Признавам се преценив... Меѓутоа на крај сатисфакцијата е поголема.
Ко да сум паднал од Марс... Се разбудив касно,неможев да се освестам,како во кома...Па и онака животов ме нервира,ми иди само да спијам и да не се будам. САмо ме нервираат. Сите! Сакам да се затворам и да си бев сама...
Сите се радуваат денес, крај на учебната година, а кумановци завиени во црно.. Се извинувам за мојава патетика, но некаде морам да пишам што чувствувам.. Спојлер Мало ангелче наше, се збогувавме. И небото плачеше за тебе, и јас, и нашите тренери и твоите соученици, познаници, професори. Твоите родители шокирани и надвор од себе од тага не можеа да се помират со фактот дека веќе те нема. Не можам ни јас. Те чувствувам толку блиска, како вчера да беше кога се разделивме и ти дадов шише вода да не “дехидрираш по патот“, бидејќи далеку живееше и со велосипед дојде на тренинг а денот беше врел, +40. Зарем те нема? Зарем веќе? Зошто баш ти? Зошто не 70годишниот дедо кој за чекор ја избегнал смртта и ти ја дал на тебе? Фер ли е? Животе не си фер. Судбино забораваш на светот. На кого го оставаш светот? И јас можам утре да бидам прегазена како скоро сите мои врсници, подоцна или порано. А зошто? Што постигнав јас во животот? Зошто ни ги земаш најмилите, најмалите, најневините? Таа имаше сништа неисполнети, желби неостварени, љубов како планетава голема. Зошто ни ја зеде? Имам толку многу зборови што печат и сакам да ги напишам, а не можам. Тонам во солзи и во прашање, Боже. А твоите одговори никаде ги нема. Има само една жална слика, од нејзиниот гроб и целиот наш град во црно кој не може да се соземе од тага. И не е фер, не е. Врати ни ја, Боже..