Не знам н и јас самата. Вознемирено многу. Ми беше сеедно што утре полагам но полека тензијата расте. Се зголемува напнатоста... аххх....
Денес нешто подобро од вчера.. Утрото ми започна супер рано се разбудив ме чекаше прекрасен ден, заминувам малку подалеку од градот на една просетка со круг на пријатели.... Имајте сите убав неделен ден
Денов се чувствувам препородено. Обврските сведени на минимум, времето е чиста прекраснотија. Единственото што сакам да го правам е да лежам и да гледам како врне. Го обожавам ова меланхолично чувство кое ми го предизвикува дождот. Уживам...
Ми студи во стапалцава, ми топли од срцево до темево. Тоа ти е - боси нозе и гнездо на глава, сега веќе миено и миризливо. Уморна сум. Сиве дена сум, и знам зошто, а не е само од недоволно спиење. Знам, ќе ми треба време да се одморам како што треба. Го видов и оддалеку и одблиску, и моите очи се почувствуваа како да се џарат во излог со патики. Моето срце не се почувствува никако. Јас се почувствував празно. Не негативно празно, ама... како права линија на апарат за срце. Се чувствувам ПРЕУБАВО, веќе неколку дена кај што сум дома. И не ми доаѓа ни прагот да го пречекорам, никаде не ми се оди. Само дома ми се седи, да и‘ се изнадишам, и на собава, и на куќава, и на чадорот в двор потскинат, и на бавчата со пипер. Се чувствувам домозаљубено
Зачудена! Мојата конструктивна критика до една личност гледам е ефективна. Личноста почнала да ја применува. Сега барем физички е таа истата која е. Не се трупа со шминка на очите како што знаеше. So sweet. Сега е природна убавина. п.с. Се надевам и психички се сменила т.е. ако ме читаш се надевам не си уште таа истата шмекачка на дечковците на твоите другарки, додека си имаш свој во меѓувреме.