Денес цел ден сум рашетана .. Прекрасен ден имаше и резултаи од екстерното 5 и 4 добро е можеше и полошо но сепак добро е
Денес несакајчи сум го оставила алармот од вчера ми ѕвонеше во 8.30 а истовремено се изнервирав од една досадна мува па морав да ја викам баба ми за да отепа бидејќи е екперт за тепање муви Па потоа сум заспала и спиев до 11 се разбудив појадував и се избајнав потоа ја чешлав мојата тешка коса пола саат и сега малку уживам пред компјутер и очекувам повик од другарка ми за да отидеме кај неа
Никогаш не сум успеала да го одговорам прашањево со еден збор. Мора да напишам прв драфт од дипломска. Денот ми започна намуртено. Се муртев што се разбудив пред аларм (иако ни тоа спиење немаше да ми биде доста), му се муртев на сонцето зашто тоа беше виновно за моето запотено ранобудие. Се муртев што морав да се депилирам т.е. бучам со депилаторчето уште нерасонета. Мора ли да ни растат влакна? Не може ли да си бидеме голи како нектаринки? Се муртев на мајка ми зашто излегуваше од дома и зашто ми го остави нејзиниот телефон да изигравам секретарка, џанам госпоѓата не знаела англиски. Не ми требаше тоа. Не е таа виновна. Јас сум виновна што станав од кревет ненаспана. Овај, сонцето е криво де. И собата што е на исток. Овај... Цацко. А, не! Бранко е крив! Се муртев што морав да излезам од дома пребрзо што си го изгорев јазикот со нелезетски испиената шолја прво утринско прекрасно кафе. Па уште и чекав некој да се довлечка до збирното место Па мајката, кафето на раат ќе си го допиев! Се муртев што морав да чекам пред врата таму, како избркана од дома. Мразам да ми се пикаат преку ред и да ме игнорираат. Ало! Тоа што сум висока метар-и-желба-да-пораснам не значи дека моево рамо е перниче за игли! Сите луѓе во мојава околина треба да и‘ бидат благодарни на Каренин, зашто откако го прочитав нејзиниот пост во СДК, моето bitchy расположение се трансформира во едно налик самовилско. Ми беше прекрасно додека полугола се шетав низ градските улици упатувајќи се накај градскиот центар, со тенденција да побрзам зашто веќе доволно доцнев. Сонцето така фино грееше, малку потпекнуваше, а може беше тоа и поради маслото за сончање. Не знам. Па уште и кога ќе си најдеш место на плажа! Мх! Водата прекрасно бистра, сонцето културно жолто, ветрето безобразно флертувачко, да ти ги набабри пупките. Кулминација на дејството беше погледот од Канео кон цело езеро. С‘нце да зајдвит, јас да уживам!
Прв ден од оваа гостинката , нервози, болки, се мачам да заспијам, па капак на се на увце ми свири музика во сред ноќ, аманнннм да се немало осет
Денес си станав наспана во 11 толку убаво си спијам во темна соба ни зирка ни просирка за сонце милина... Потоа со баба ми ја беревме сливи и јас морав да се качам на покривот на куката среќа што е ниско и така попладне ќе одам кај другарка ми да си гледаме на кафе ... Секој ден сум рашетана преку ден по пат се исунчав
како да ми паднал некој тенг по глава како цел свет да ми се сруши врз мене ми се суништија многу работи
Малку во грч дали ќе успеам да остварам се` што си зацртав. Гледам да се одморам,ме убива стомакот и половината,а имав еден куп планови да се шетам денес. Ќе го поминам денот во пижами,со музика,филм и книга. Поубаво здравје.
разочарано од сите околу мене,само гледаат нож во грб да ми забијат,попуштам веќе со силата,неможам веќе
Крај краева и не е нешто битно. Или што знам веќе. Повеќе сакам да стојам тука и да медитирам. По ме смирува да зјапам во тастатурата, сеедно пишувам... Да затворам очи и да си направам муабет со себе, него да пишам,било што. И без тоа, се“ не ќе кажеш. Нит можеш, нит сакаш, нит па имаш потреба. Се’ не кажувам и таму каде што треба да кажам, а живот ми значи. Еве, јас се променив. Се’ променив. И главата си ја заменив.... и соништата. Нешто и прокоцкав. Што доброволно, што бидејќи немав друг избор - натјерали су ме По врага со мене и моите чувства и сите оние кои ми ги создаваат овие чувства, а на прст се бројат. Кој егоизам е тоа... која бесчувствителност. Ти иде, да легнеш и да си починеш..како за навека. Чисто да видиш дали и тогаш ќе дојде по тебе. Ако дојде, не било заебанција, а уште побитно ќе е што, многу ќе бидат спасени. И, ете... реков доста.