Се чуствувам ... па може да се каже лошо . Уморна сум, уморна сум од многу работи. Уморна сум само да поткревам некој кој самиот нема во својата глава, неможам јас со инка да му ставам. Уморна сум од дволични луѓе. Уморна сум од тоа да ја насетувам и чуствувам злобата и одмаздливоста на луѓето - ова ми е врв и капак на се. Како бе може некој толку да се замара со глупи и небитни работи аааа како ??? Некој ми направил ова ај утре јас дупло ќе му вратам, незнам мене ми се гади од вакви работи. Па кога некој ми наштети се тргнам настрана, и за тој човек нема место во мојата душа. Зарем животот мислите е толку долг за да си кроите планови за одмазда ? - Хм, се лажете мили мои, џабе си ја полните душата со гнев, а гневот и омразата како што ќе ви ја отрујат душата нема ниеден поголем злостор кој може да ве растолчи и да ви го скрати здравјето. Е, да ... Ова ми е ден кога неможам никој и ништо да истрпам, знаете она чуство на немир, вознемиреност, онака кога ви се вреска од дното на душата, може ви е познато или пак не, и да јас секогаш кога сум со гостинката во одмината фаза се чуствувам на конец со нервите, навистина гадно чуство. И незнам дали е до овој женски и луд синдром или јас ги губам нервите и паметот поради тоа што неможам едноставно да сфатам ДЕКА НИЕ ЛУГЕТО СМЕ БЕЗ ГРАМ ЧУСТВА, ОСЕТ И ЉУБОВ. Ќе мора да свртам нов лист, море не лист книги и книги да завртам за да ми светне сијаличката за да почнам да применувам многу работи кои за мене досега беа банални и несвојствени. Готово од утре сум лоша, злобна и што уште е во мода ?
Тоа е како кога те држат на апарати и не те пуштаат да заминеш. А, и ти самиот не си при сила да така едноставно и лесно им се излизгаш од раце и ги оставиш. Тие не можат без тебе, пак се борат и за тебе кога и ти самиот не се бориш. И ти се бориш за нив. Правиш се“ само да покажеш дека те има, тука си, а длабоко во себе, сите вие, и тие и ти самиот знаете дека е време. Тука никој не пушта. Тука никој не попушта. Штом еден пушти - друг дрпа...штом еден престане да дрпа - се некој ќе се раздрпа...еее, тек тогаш. Бах ти состојбата, бах ти егоизмот човечки. И, ништо не е исправно во ситуацијава, оти од старт било... малку на криво. Сега, драпај се само.
На ова никакво време, денеска цел ден меланхоничноо, цел ден го поминав во пижами и си ги гледав Карадашијанс Се надевам дека нема цело лето да биде вакво никакво времето...
Многу среќно, и полна со ентузијазам за месецов што следува После неколкуте дождливи денови, ми недостигаше сонцето..
Наспана не сум, а затоа сум насмеана од уво до уво со лудациве на радио, му се смешкам на кафево во шолјава и се радувам што ќе пијам уште едно такво за неколку минути. Утрата ми се најубави кога ми започнуваат со кафе и Бебе. http://www.youtube.com/watch?v=TyDwv_mMvhw