Чудно Ме мачи несоница, како вампир се чувстувам, 2 часа дневно спијам. Ама убав ден имав и покрај тоа.
Прекрасно. Имав поприлично продуктивен ден. И сфатив дека понекогаш нема ништо повредно од оние мали скапоцени моменти, кога со блиските споделуваш и евоцираш спомени. Нема ништо повредно од моментите кога гледаш како се смеат, a знаеш дека ти си причинител за нивната насмевка. И за краткото бегство од здодевното секојдневие кое не опкружува. Затоа денес се чувствувам комплетно иако не сторив ништо особено, и се препуштив на уживање, презадоволна сум, а тоа е она што е најважно. А вам феминки ви посакувам пријатна ноќ, и уште поубаво утре. Примете енормни гушки
Една риба што не знае да плива... е , таа риба душата ми ја извади, ме удави. Погрди работи, мислам на човека му немам кажано ко на рибава,се’ само да се тргне и не. Не знам повеќе што. А, друг живот за живеење немам.
Денес се чуствувам прекрасно (иако многу работи завршив од сабајле) како и што вод енешниот хороскоп ми пишуваше така и испадна. Станав наспиана во 10 се средив и доручкував летна манџа мм најубаво од мајка ми Потоа ја исчистив децката соба ги нахранив сите животни малку одморив на фб и продолжив во женската соба-кујната каде што ме чекаше еден куп садови за миење Ги измив и почнав да ја чистам наоколу кујната малку се чуствувам изморено и од вчерашната работа но може и полошо. Така сега ќе зготвам еден ручек риба и шпагети мајка ми ми објасни како да го подготвам па повелете феминки поздрав