Уу! Ламја голема... гадинка клета. Те папка,те лапка, те прождерува со две раце. Гриц, гриц ти прави. Колку само тежат некои луѓе. Да идам-да не идам, да речам-да траам... Некој знак, нешто... појасен вака да стигне до мене, оти увек се дефокусирам коа најмалку треба
Корисно. Пречекав луѓе. Им сварив кафе, ги почастив слатко. Стандард домаќински. Му ја завршив пола работа на татко ми со документацијата. Испеглав, ги спастрив алиштата. Сега спремам ручОк. Аууууу мајка ми ќе се крсти
Си легнав сабалје во 4 часот. Ма кој црн ѓавол ме тераше А сабалје за на работа станав во 7 часот Ах девојче девојчееее. Убаво ми рече мм легни нема да ти биде добро утре ќе бидеш како отепана цел ден. И тоа бидна. Да, да како отепана сум, како валјак да ме прегазил. Ах, со душа чекам да си појдам дома да му ја легнам бааарем еден сат да одморам.
Музиката која моментално ја слушам има толку многу емоции (инструментална е) но сепак ме тера да заплачам. Премногу се соживувам со неа. Ептен ме погодува. Многу чудно се чувствувам, не знам да опишам. Плачам од музиката, чудно ми е, денес сум како во бунило. Не знам ни самата кај сум, што правам, што сакам. Аман!
www.youtube.com/watch?v=pitEgLnV7aI Ме расположи видеото.Многу го сакам филмот и Нејт и Блер имаат прекрасно пријателство