Не, не сум наспана, не Ме подболува глава и покрај тоа што сум скоро готова со кафето. Ќе ми доаѓа деновиве. Лицево ми е како на фронт да сум била, се чувствувам како прв пат во животов акни да ми излегле. Пубертет до даске. Вишок хормони за месецов
И во сон бладам. Ваљда и дрдорам, оти милион пати деновиве се разбудив од што сама на себе си бев прегласна. Се ѓиздиш, се белиш, се црвиш за нешто и, стигнеш до таму, каде и сакаш да бидеш, за каде и си се гиздел толку... побогу... и, спласнуваш ко суфле. Физички е проблемов. Веќе сум убедена Може и да почнал ко психички, ама сега веќе.. е физички. Ај да видиме сепак јо-јо,а? Ај.
Се чувствувам како пред некој нов и голем почеток, како пред да се случи важна промена. Знам дека наскоро ќе дојде таа промена, можам да ја намирисам - сега само треба да останам стрплива. Уште денес.
И, биде и таа работа(!), ко што би рекла клетата риба. И, коа ќе видиш од старт, самото тоа што, прво нешто што ти паѓа на памет пред да, дури и помислиш да дадеш некаква оценка за тоа, што било - како било, тебе ти паѓа на памет нешто што -некој,конкретен некој рекол. Пиши пропало од сега, макар што ете, ќе оставиме мојот песимизам да се удави или да порасне ко квасец. Плус, работата е што еве, втор ден потоа, некако мислата ми... ентузијазмот ми... се’ ми некако... ах. Инаку повратната реакција е ок, се е интересно, само недоволно. Можеби рано. Можеби. А можеби е до моите фаленки. Поскоро до тоа да е,ама ај.
Многу новини денес. Нова фризура, нова долна облека, нови очила после седум години... регенерирано се чувствувам. Се чувствувам како некоја друга, подобра верзија од таа што бев вчера. Кога ја расплетив косата, како да ги распуштив проблемите по ѓаволите, а феромоните ги разлетав околу мене, да создадат невидлив миризлив облак. Се чувствувам како да ми е предодредено да почнам нешто ново. Како да ставив крај на апокалипсата од период и се кренав од пепелта како феникс. http://www.youtube.com/watch?v=wOSv1TIa58M
Чиста катасттрофа...Денот ми почна лошо со една лошаа вест...Исто така и завршува...Никогаш не сум се чуствувала така напето, изморено, нерелаксирано...бла блааа...џабе зборење...Све је узалуд кад немоу ништа да сменим..