Денес вежбав малку,добро се чувствував.Цела негативна енергија беше надвор од мене но попладне...Поточно навечер кога мајка ми ми кажа дека татко ми и рекол ако не ти се бендисува да си одиш кај твоите.. Сакам да се разведат еј,да се разведат. Се чувствувам никако,да никако !
Зашеметено. Како и цел јули. Горе-доле. Не ми е баш најслатко лето до сега. Некако безгрижноста ми е згасната. Ме мачи неправда, ме мачат лицемери. Ме мачат незаслужни копилиња, ме мачат површности. Само да сме живи и здрави. Барем моите ги гледам среќни и насмеани. Барем ми рекоа на неколку пати, мора да е убаво да имаш родители како твоите, мора да се гордееш. Па е... и се гордеам. Никогаш немав татко гнида и мајка локална оговарачка и гатачка на кафе. Мирен народ си се. Си ја гледаат својата работа. Сериозно сум среќна за секоја нивна насмевка. Буквално ме греат. Притисната од реалноста. Некогаш мораш да нагазиш. Толку не ми е грижа кој што прави, само си мрчам повремено од забава, толку не ме допираат одредени нешта кои порано навистина ме потресувале...толку сум фокусирана на решавање на некои свои нешта и планови. Толку сум обземена од чудни расположенија и борби, не можам да си објаснам ниту на самата себе си. Знам дека сум пред сериозни искушенија. И знам дека слободата и реализацијата ќе ми е слатка. Кога може некојсичудак да се идентификува со Џојс, можам и јас да згазам сериозно и при тоа скроз нескромно. Од скромности живот не бидува, јасно е. Знам само дека светот е убав кога го гледаш од горе, буквално од горе, а не како его референца. Онаму каде што воздухот е поредок и онаму каде што мириса баш на свет. Како кога го препознаваш мајчиниот мирис дури и со затворени очи.
Исполнето. Ама само душевно Убаво ми е вака кога сум дома, па можам да си го организирам времето, активностите, а и оброците. После пилатес серија, неколку парчиња лубеница и нов пост на мојов блог, ме чека релаксирачки туш. И 8 часа сон
Како тинејџерка. Менувам расположение на минута. Бесна, гневна, среќна, тажна, гладна, жедна, и што ли не... Ја претерав веќе, ми се гади од себе си. Не се препознавам, глупава глупава глупава. ПОРАСНИ, редно време е.
Како оние досаднине блузи што ги чуваме у плакар за некои подобри времиња, а никогаш не ги облекуваме.Е баш така, замрено, летаргично, здосадено, се осеќам како да сум стуткана во некој темен ќош, со надеж за подобро утре. Имам огромни аспирации и едвај чекам да започнам со реализација. Едвај! Си најдов точак со корпа, огромно седиште и неподмачкан ланец што едвај се движи. Има да го изгланцам, да не го познаат.
Убаво и заљубено Ме разбуди љубовта,ми дојде на утринско кафенце,со изговор дека премногу сум му фалела. Ах
Во понеделникот, имам чувство дека земјата се помести и жими се‘ продолжува да се мести. Никако да се намести. Не знам дали и некој друг осети,ама... Ако не, блазе си им,блазе ви. Месечарам од тогаш. Го чувам сега небото. Демек ќе го дочувам. Толку тапавост, толку... http://www.youtube.com/watch?v=kId1yVomwTw