Како се чувствувам денес?Хммм.. Денес супер пресрекна!Онака лајт,убави нешта ми се случија.Но од утре очекувам бран со расправии,караници,плачки.Затоа сакам да уживам вечерва!
Како може во ПМС пардон пост менструален синдром, лудилоооооо, ме шекна, ајде нека заврши, овој ден ме пукна
Кога сум среќна, тоа се гледа по мене, како што се гледа и кога сум тажна. Илјада приказни, јас им знам име. Некои се среќни, некои тажни, некои смешни, а некои секојдневни
http://www.youtube.com/watch?v=DTS0W0QkUwc Го сакам албумов! Не се објаснува, не знам. Топло ми е како и на сите граѓани на републикава и не се жалам од лепливата кожа под чистата кошула и копчињата што ги откопчувам до она кое светка на црвено. Зошто така треба да биде. Зошто жените ги тера да зборуваат глупости во кои нема вистина. Како на пример дека процесот на јадење лубеница е следен - ја соблекувам облеката, го соблекувам градникот и сечам резанка и ја загризувам,а сок од лубеница ми капе по целото тело. Ах! Ете така некако... Нема ништо поеротично од овој нечист град во лениот период кој навечер крева висока температура. Те соблекува до гола кожа. Ти вели, вечерва сакам да ти ги гледам голи нозете, облечи го кремавиот, долг, памучен фустан, за да можам полека да ти ја пикнам раката под него додека ме газиш од ГТЦ до Палас. И вечерта има леснотија покрај убав муабет. Си испешачил по него повеќе километри и во силно очекување замижуваш чекајќи бакнеж. Те фрла во кревет по долна облека и не ти дава мира. Ги туткаш чаршавите под себе и се бркаш низ креветот. Деновиве слушам само за разидувања на парови со очигледен и решлив проблем. Жал ми е некако, па и не ми е баш. И жените се секогаш криви. И жените се оние кои не веруваат во себе си, не пак во нивните одлуки за врските. Толкава зависност од размислувањата на родителите не сум сретнала. А чиниш ја проучиле цела Кама сутра кога раскажуваат колку се откаченки, ама затоа продеки слушање секое доцно искачање со дечкото,да не речам темата од фемина Дали да се преспие кај дечкото, епа не, навивам аларм и си одам. А имаат 20 и кусур години... Па што знам, вашата независност започнува во моментот кога вие го добивате индексот во рака, кога полните 18 години, без разлика под чиј кров живеете... Од вас утре нема да биде ни независни кариеристи... Сериозно поработете на комплексите од вашите за да не трпите во животот. Преболете ги вашите родители, а не несреќните љубови заради вољата на родителите. Македонски жени, разбудете се од сонот дека во Македонија постои термин за жена од типот КАРИЕРИСТКА и воопшто во Европа. Зошто? Затоа што тоа е американски термин. Зошто? Зошто поголемиот дел од жените и покрај факултетското образование се стеј ет хоум мамс кои извршуваат еден куп активности околу семејството секојдневно и имаат еднакво право со располагање на средствата кои ги заработува нивниот сопруг и све тоа е убаво правно уредено. Ако се одлучи да работи и го одложи создавањето на семејство,а не е ретка и појавата никогаш да не формираат семејство и да живеат со партнер до крајот на животот. Е тоа е кариеристка. А тука? Тука со години е пракса жените да работат затоа што е неопходно! Кариеристка во Америка не значи само менаџерка и жена на високи позиции...да се разбереме. Вашата простота по ова прашање ме гуши секогаш кога ќе чујам ваков разговор. Не знам, сите сме и не сме кариеристки, таков е системот, такви се условите, такви се потребите... Отфрлете си ја идејата дека кариеристка е нешто мега јако...мислам ми се гади од снобизмот кој го добива овој термин. Не знам ни што пишувам,а и не ни знам како се чувствувам. Би рекла чудно. Повеќе чувствувам потреба да ги растеретам мислите. И знам дека мразам кога ми се наметнуваат. Сакам сама да одлучувам. Некои луѓе ги пуштив да си одат и не ми е тешко. Сеедно ми е, уствари полесно се чувствувам. Други пак не давам отпор и лесно ми влегуваат во животов и убаво ми е кога делам кафиња, зборови, шеги, вечери, пиво, молчење. Она кое ми пречи е уморот кој го чувствувам веќе подолго време... Не можам да објаснам како се чувствувам. Се надевам дека ќе најдам трајно решение за мојот проблем. Утринските молби на телото кое те одбива се неподносливи. Те молам стани, те молам побрзај, те молам разбуди се...бесконечност! Соништа со округли форми. Така сакам да изгледаат. За се да има контекст,а и круг мене ме асоцира на детерминизами фокусираност. Доволно ми е само точка во средината да му точнам!
Пораснато колку толку од претходно! Задоволна самата од себе. Утрово имав пристоен муабет со една личност со која мислев дека никогаш нема да можам да имам. Знаев дека ќе дојде таков миг, едноставно се гледаме и ќе се гледаме често. Си мислев дека кога ќе зборувам со неа срцево нема да ми издржи и дека ќе и искажам се што знам дека се обидувала да направи. Си мислев дека тоа ќе и го лупнм иронично и толку жустро што ќе и биде засекогаш срам да стапне во мојата куќа. Но препотувајќи се, дојде и тој момент на соочување со аждеата (претерувам со епитетов). Таа дојде знаете како хиените, пискаше одоколу мене и туп си се намести до моето столче. И јас си вдишав длабоко и бев невидено културна. Може не вреди со неа да се прави муабет, но верувајте јас си поминав помирно самата со себе. Плус таа како воденица само мрмљаше што и се случувало целиот период кој што се немавме видено. Се испофали, јас се изнасмеав, па пристојно и кажав неколку мои гледишта за нејзините одлуки и се надевам ќе и текне зашто, за претензиите кои веќе и не ги крие туку јасно ги кажува и се гордее со нив. Најсмешно од се не си кажавме чао. Кога си одев таа му ја кидна некаде, куј ја знае зошто. (што ми е со епитетиве)!!!
Индиферентно... Седам, јадам краставици со многу бибер(на се ставам бибер) и пола парче сирење колку да не биде само вода дека јадам, и индиферентно си куцкам по тастурата. Не ми е галје што оној ме шпиунира скришно од неговите другарчиња на фејсбук, што од имагинарниов нема абер ни димни сигнали од прекубарана, вајда не му е нешто којзае кај скита сеа, што некои луѓе ми се толку далечни како што некогаш ми биле блиски, и не ми е галје.... И така си седам, си зобувам некое овошје или зеленчук, како тревопасно животно сум само трева јадам, ама тоа е, desperate times call for desperate measures. Tуку некако многу серии се собраа, не знам која попрво да ја изгледа, па они ме притискаат за да водам евиденција кој ден е, инаку секој ден би бил вторник.