Денот добар, ама сега се напнав ептен, се изнервирав. А уште повеќе ме нервира што ме боцкаат понекогаш нечии зборови. Па што ми е гајле бе што мислите за мене ааа... ваше право, ваше мислење. И незнам што е чудно ако чувствата од крајност во крајност не си ги искажувам, епа нема . Среќна сум за мене и само за мене, тажна ... пак за мене. Што треба да урлам до плафон и назад кога сум среќна, и да си ја акам главата од врата кога сум нервозна, е нече мочи. А најмногу ме погодува што ТИ треба да знаеш кога - како се чувствувам. Благодарам
уште од вчера вечерта кога бев на гости кај другарка ми-една главоболка ужасна а се напив после Дијазепам од 2 мг пред спиење да можам да заспијам ама и ме смири и ми помогна да заспијам-две во едно денес другар ми-јас го гледам ко брат а тој се познава дека нешто чуствува кон мене ми звонел неколку пати-демек нели сам вртел на тач е, кога видов бев а не сме во добри односи кога почнав да викам мислам дека лава излегуваше од мене со тој со кој се допишувам ми глуми лудило дека ке се видиме а никако тоа да се случи, да фатам и да го згазам е-прво да го најдам а пред малку ми пиша дечко со кој се допишував пред неколку месеци-се изјасни сакам подебелки-сакаш, најди си бе кој ти брани само не ми пишувај на мене а кога ме виде на слика од пред 2 месеци ми се допагаш аха да да јас реков и останувам на тоа-втора шанса не давам а што клонот на бившиов постојано ми се појавува на ф.б. ама барем не е во мк е за сега ама кај и да е ке се врати-дај боже таму да остане фор евер кога ке помислам на тоа најдобро да му го сменам личниот опис не тој крив што на него ми личи ама тој пустиот незнае и некои други работи, проблеми-во скоро време Бардовци или санаториум не ми бега -барем таму ке имам мир вистински момент за посета на психијатар оти вака оптоварувајки ги другите ке добијам спротивен ефект и на крајот ке пукнам
Ме разбуди гласот на бившиот „цимер“. Во наводници, зашто не донираше средства за кирија и сметки, но донираше многу позитивна енергија, прегратки, и друштво за утринско кафе. Еден од неколкуте другари на брат ми што радо сакам да го гледам и со кого сакам да муабетам зашто има акумулирано 80% од позитивната енергија во светот. Детето-сонце По вакво прекрасно будење и по неочекуваното ѓомлезе за доручек, засладени со моето мејд-бај-ми прекрасно утринско кафе, како да се чувствувам, м? - Прекрасно, се разбира. Бидете и вие така. Поздрав од вашата охридска рипка, овен во хороскоп, зумбул во душа. Очигледно наспана сум
Се осеќам многу глупаво, досадно ми е неможам бе Сакам да заспијам барем тоа добро ама мн. е топло, и тоа не бива. Значи месецов ми започна како Спојлер shit
Ох, треба веќе да почнам да размислувам за преселба негде на север, негде каде што е тмурно и мрачно и облачно и влажно и врнежливо... Не можам веќе. Секое лето истото. Јас сум си меланхоличен човек. Не сум за толку сонце побогу. Не сум!
Лошо, многу лошо. Денот ми започна катастрофално. Зарем мора да сум таков слабак и кукавица побогу аман веќе од себе, аман . Денот ми помина депресивно и нервозно, со плачење, јас која пуштам солза еднаш годишно, ама неможев веќе само собирам во себе, пукнав . Секоја лоша вест во срце ме жегнува иако се работи за луѓе кои не сум ги ни сретнала ниту ги знам, но и тие се нечие се, нечиј родител, син, сопруг. Зарем мора да се случуваат постојано лоши работи, зарем не е веќе доста од лоши болести, од катастрофи, од сообраќајки
Баш ко фраер-ка! Денес никој ништо не ми може, светот е мој! Си се сакам себе во ваквите периоди. Го љубам животот.
Комси-комса. Балансирам помеѓу присилно будење и кафиња со кој ќе стигнам. Добро го зачинив денов, му дадов битер шмек со малку Швепс и опуштен разговор со луѓе пред кои не морам да се преправам.