Се чувствувам надежно. Преплавена сум од главата до петите со ова зборче. Денеска, по доста долго време, ја почувствував убавината која го воздигнува човекот кога тој си поставува нова амбиција пред себе. Со полет итам кон новиот месец. Со двете раце и моето мало чело ќе се борам само за да успеам да си ја добијам мојата замисла. Тешко ќе биде! Тоа не е дел од мојот домен, тоа е сосема спротивно од се до сега. Но ќе го дадам најдоброто од мене. Повторно верувам во нешто. Може не верувам многу во луѓето, но си верувам во себе си. А може ќе се научам да верувам и во луѓето.
Денес - шодае се чувствувам. Сто расположенија одеднаш. Убаво ми е и мирно кога сум дома, ама и ми се шета. Ми годи кафето со братучеда ми и сладоледот, ама и умников ми кука цело време. Ми се јаде, ама и не ми се јаде... Де, погодувате, треба да ми дојде Спојлер Уф како би смачкала една ваква комбинација.
уморно и премногу сум уморна , ќе си легнам уште 20-25 мин и одам да нанкам и утре не ми се ојт никаде , ми се седит дома ..........
Се чувствувам, свежо, наспиено, со сон од само 2-3 часа...Кулирам на тераса во омилените пижами гушкајќи го лаптопот. Кого заебавам бе?! Поспана, никаква. Ми се спие. Ако не се наспијам 12 часа-исто ко да не сум спиела. Лудница ми е. Си направив ладен нес, со надеж дека ќе ме „крене“, но ме успа уште толку. Жешково...и тоа ме докрајчува. А уште и ми свири "Into my arms" на Ник Кејв...Само го чекам моментот коа ќе ми падне главата на тастатурата. Но, не! Не се давам! Ме чека доручекот на маса. Шпагети со најубавиот сос на мама! Се надевам они ќе ме „кренат“, ако не мене-барем расположението. Пошо ТИ НЕ СИ ТИ КОГА СИ ГЛАДЕН, нАли?!
Мислам дека се призмејувам. Ало планета Земја! Мислам дека слетувам . Времево ми ја врати силата. Убавко, не многу жешко. Си дувка ветре, убавини. Си прошетавме за прв пат со ѕверчето (откако не сум сама, туку со ангелчето) и тоа особено ме направи радосна. Ќе биде куче и од него . Ама паметно куче . Абе многу си го сакам, ни самото не знае колку .
Од вчера го чекам дождот се разбудив и го душкав, ама никако да го надушкам. Некои луѓе мислат света крава сум, па ај ако не можат да ме изјадат, бар да ме измолзат до последна капка. Ха-ха-ха! Како тоа јас немам шиндлерова листа?! Прашањево. Побогу! Мрднати се. Што да им правам. Нејќум да ги мислам па морам вака да ги спомнам за побрзо да ми излезат од системот. Туку, да не се разврне сега, кога ќе сум на среде пат или акоо, у тоа е убавината уствари. Полесно ќе ми е после.