Гледам сите го чекаат дождот па и јас ете Нејќам да грми само сакам да се изнаврне, да истури, после ќе се дише подобро. Леле забегав Всушност чувствата ми се на место, само сакам да истури, за да ми биде подобро.
Не знам онака,здодевно секојдневие. Цела вечер не можев да заспијам и таман кога задремав,почна да грми. Така речено станав сабјле со петлите.Аман..што ќе правам толку рано.Јадев и си легнав. Доста дрдорам. Се чуствувам здодевно,ама премногу здодевно ми е.
Дружбата со Мајче секогаш ме опоравува. Кафе на десет метри од езерото, надвор. Ветерче, смут музиче, цел град на видик... МХ! Па уште ќе и‘ го соберам пола плакар од што и‘ биле мали алиштата Е некогаш многу сакам што сум со џебна големина https://www.youtube.com/watch?v=ge7KoJxSgSc Sumnjaju neki da nosi nas pogresan tok, jer slusamo ploce i sviramo rok.
Утрово бев онака ок, малку возудена, требаше да излезам со старите другарки како што тоа некогаш го правевме,се спремав излеговме,како и обично половина доцнеа, но се појавија,порачавме што порачавме тие водки јас пиво, седнавме и едноставно немавме заедничка тема за разговор.Се прашавме кој каде бил на одмор,се присетивме ноќите кога неможевме да замислиме да не сме заедно и така тие една по една почнаа да ги вадат телефоните и да си пишуваа со дечковците, јас си го допив пивото и под изговор дека морав да одам си станав. Се чуствував толку осамено,толку бедно, толку безвредно што дури ни не земав такси,посакав сама во ноќта да пешачам,тоа и го сторив и еве ме дома дури пред 12 Посакав воопшто да не излезев,воопшто да не се појавев таму, сто пати поубаво ќе ми беше пивото ако го пиев со некои од форумџиките.Чуствувам дека моментално имам многу погоема блискост со вас одколку со реалните другарки,се чуствувам осамено
Денес ми се исполни еден голем сон. По здрава човечка логика би требало да бидам пресреќна. Но, јас не пранирав дека расположението ќе ми биде опаднато поради злобни постапки од некои луѓе! Разочарана сум од луѓето и тешко ми е. Се надевам дека добро ќе го поднесам ова.
Денов-тотална катастрофа. Апокалипса да се десеше, можеби подобро ќе се осеќав. Се` ми започна од самото утро. Со мојот нај нај најдобар „другар“(викам другар у наводници, пошо ми е малку повеќе од другар ) се испокаравме, и тоа во 4 часот сабајле, И ТОА на скајп. Многу си се сакаме, и тој мене, и јас него. Се` беше во ред, само тој да не споменеше за вчерашната тема(која беше причина за уште една расправија, која се одвиваше претходната вечер) немаше да се случи лошото во, како да кажам... половично добрата вечер. И, така, испокарани, налутени еден на друг, такви никакви заминавме на спиење. Спиење?...не заспав во следните 3 часа. И така нели, по утрото и денот се познава. Но, тоа не беше се`! Ме нанервираа овие шо тепаа у баскет. И пЉус, ко јаготка на шлагот, се слушнав со другаров..и ПАК(пак,пак,пак,пак,пак и пак) го накурчив(простете на изразот), го изнервирав. Све нешо грешам, све нешо нервирам. За каде сум!? Си имам и јас его, и мој личен морал, но се осеќам дека претерувам! Секогаш викам дека ќе престанам, но тој проклет ден никако да дојде, кога стварно ќе престанам. Скурчено ми е(простете пак)! Преостануваат уште 10тина минутки од овој мој, уште еден сјебан-скоро-ПЕРФЕКТЕН-ден. Искрено, се надевам на подобро утре.