збунето и исплашено. се прашувам што направив, дали згрешив и како ќе излезе се, добро или лошо...., згрешив што избрзав, се срамам од моите...
Чудно. Мене ми ладно се смрзнувам ко мислиш надвор - 20 а ни клима ни ништо немам уклучено а топло е надвор па отворив прозорец се надевам ке се стоплам свашта само мене ова може да ми се случи
Страв ми е да кажам, ПРЕКРАСНО! Исполнето, возбудено, позитивно, одморено, магично, самоуверено и уште сите други позитивни емоции.
Шарено! Прееска убаво се изнаплакав,па ми олесна,па потоа комшиските деца што се играат под мојот прозорец ме изнасмејаа убаво бидејќи се плашеа меѓусебно со скачка,па ми текна како дете јас што сум се исплашила од скачка и една другарка тогаш што сум ја исплашила со скачка,па си ја земав Ниничка мојата убава мала гумена кукла да си ја бакнувам и се смирив и сега ме боли главата од денешното плачење,па ќе пијам апче против главоболка,исто и апче за смирување на природна база! Навистина шарено!
Ми се случува дежа ву на неколку полиња, не знам дали би му дошло како лошо или добро ова. Најверојатно првото ќе да е, не ми се свиѓа развојот воопшто, затоа што осеќам дека цупкам во место, а стагнирање мразам многу. Сакам нешто да ме тресне убаво од земја и да ме освести, е тоа сакам!
Срцето ми е распаранко. Се надевам ќе биде како порано. Силно посакувам. Зашто барем мене не ми признае дека поминува низ пекол?! Дали знае дека јас плачам за неа, а и за него.
Нешто ми се средил биоритамов во последно време, почнувам да се будам уште пред алармот. Значи многу ми биле 8 часа спиење, а? Туку... денес корисно се чувствувам, фала на прашање. Утрото помагав дома, правевме кори. Па средив за доручек дури сучеа другите, па сварив кафе, па спастрив маса, па и‘ помагав на мајка ми да ги растуриме да се сушат, после средив за ручек, па измив садови... аууууу Mama should be proud! Ама мислам дека доста ми е од домаќинлук денес. Си пијам кафе, немој некој ме прекинал Not at home!
Јееееееееееееееееее леле луѓе колку сум само среќна! Деновиве сум навистина многу расположена. Прееска се пресметував со пари, дали ќе ми стигнат за есенскиот шопинг и ми испаднаа таман! Замислете, по моите рачунки, за сите мои желби! А сега ми текна и дека заборавив да ги пресметам заштедените пари. А тоа значи ќе има повеќе од таман. :geek: