После долг, но убаво исполнет ден, а сега и после еден освежителен туш, чувствувам дека само ќе паднам врз креветов и нема да се помрднам безразлика во колку неудобна положба лежам. Спонтаните излети на планина со добро друштво, скара, мезе и пиво (а успат и со гитарче и нашите гласовни способности), секогаш е една од најдобрите варијанти да се помине последниот ден од неделата. Се чудам како мајка ми цела недела успеала да додржи и да не ми каже дека после кречењето, со татко ми направиле некои промени во распоредот во викендичката. Па денес ме пречека мошне пријатно изненадување кога влегов внатре Другарка ми вчера ми подари еден прекрасен подарок, без никаков повод (но веројатно со убава причина). Деновиве ми се случуваат некои мали, но убави нешта. Доволно за да ми го кренат расположението за неколку скалила погоре.
Денов ми започна прекрасно (иако не сум спиена цела вечер ).. Се случија работи кои ги очекував многу долго време, и конечно се тука... Пресреќна сум
Многу убаво. Ќе ми се исполнат желбите. Се што треба да направам е да останам стрплива. Ама тоа најтешко ми оди. Мајка ми ми внесе надеж и сега се чувствувам многу исполнето! Ахх, секој ден да беше волку надежен.
Гладно. А цел ден јадам. Почнав со посна тарана, изедов 1 чинија. Па следеа две кришки мармалад од праски. И сега самошто си направив тава со печени компири, тиквички и печурки. Да не ги заборавам и 4 парченца локум. И уште ми се јаде. Ама се ми беше ептен вкусно.