Па речиси ужасно . Знам дека е ден, само лош ден кој мора женски да се издржи, ама- ама . Цел ден со болки, лошење, нерви у вис, после две недели измачувања со симптоми, една недела доцнење, ме докрајчуваат ваквите денови, навистина...
Хипер-хиперактивно. Јас по природа сум хиперактивна личност, но сега се чуствува баш хипер- хиперактивно. Во мозоков ми прелетуваат милион мисли, во дел од секунда. Се движам насекаде, сегде ме има, се средувам, прередувам. Не ми се спие, а сакам да го регулирам спиењево барем малце. Се чуствувам безвезно, глупаво, без мотивација. Милион обврски, незавршени... Ме чека почеток на уште една година, исполнета со чекање, чекање, чекање...
Како со боздоган да ме толчеле!!! Ваљда е ради времево дека е тиња,ама па ај иди учи на вакво време,иди на базен и функционирај нормално...
Главно чувство на денот: поспано Абе кога нема да си легнеш со време, тоа е. Кој рано рани - цел ден зева. Оваа за мене важи денес. Мислам дека три пати легнав да преспијам, три пати безуспешно, никакви шеќери не ме спасуваат, мислам дека ова ќе ми биде еден многу мрзлив ден. Подчувство: некоја недефинирана меланхолија. Лажна цврстина. Тврдина од пластика. Тераш муабети со едната Ти, а другата тоне усрамена и разочарана и што ли уште не длабоко во тебе. Не излегува на сонце да не изгори. Се‘ на се‘, денов некако не ми е по ќеф. Цк. Spoiler Се чувствувам како собиве.Навидум совршени, а во нив секој липа кај ќе стигне.
Не баш најдобро, а нема никогаш да бидам подобро се додека не сватам дека на никој во глава не можам памет со инка да му ставам . Цел живот нервирај се за други, од други, аман веќе, и моите нерви не се челични