Изморено. Депресивно. Денес сите грижи и нервози што ги имам ги носам на грб...и товарот е претежок за да го издржам. Пробав и позитивни мисли и музика и чоколадо си купив - пак ништо! Мајка ми вели таков ми бил периодот, годините... во ред штом така, ама 7 години е веќе предолг период за депресија. Со тек на време се привикнав, ама ваквите денови каде бегам од себе си, се' се почести, а мене од ден на ден ми е потешко. Нема цели за исполнување, нема обврски за извршување, нема пат за изминување, нема ентизуијазам за живеење... Ова на никој не му го посакувам.
^17, медицина учам. Да се надополнам од претходно, пробав да читам книга ама концентрацијата ми е на ниво 0. Веќе ми е глупо да читам книги за самопомош, истата тематика е само е напишано различно во стилот на авторот.
Лошо. Неубаво! Слично како претходната феминка. Со години се борам против ваквите чувства. Со години тие ме победуваат а јас од една точка не сум мрдната.
Се напоив со енергија. Ќе си ја чувам за црни денови. Да видиме утре на аеробик колку и таков тип енергија собрав Тоа ќе биде предизвик на деценијата. Богами. Имам чувство дека цел месец, а не само во неколку вошливи денови се дешаваше сево. А, немам спиено повеќе од 6 саати (вкупно) у неколку дена, Бладам. Ама, мислам оти мед ми тече од уста. Ма све је лепо,све е лепче и маргаринче сос мармаладче. Што поскоро престанам да бладам,толку помалку муви ќе ми се зберат. Добро сум. Предобро дури за мој вкус. Ама, што знам јас за вкус. Пошто, озбилно ќе цркнев во понеделникот и во вторникот,ова му иде ко бонус возење пред великолепното финале,м? Што фин хумор . Убајни. За прв пат, уморна сум,али не сум изморена.
Некако дождот ми ги поттисна среќните чувства... и владее некоја монотонија дома така да ќе си дремнам малку додека да ми помине