Како водителка на утринска емисија Тешко е да го почнеш денот уште во 4ипол, особено ако надвор е ладничко, а тебе не ти се станува од под топлото јорганче. Јас и шолјата какао - сите спијат, а ние сме сами...
Уморно и убаво. Поинакво! Умов ми работи не знам колку на час, ама многу размислувам. Сериозно сум без зборови за искуствата, за зборовите, за поддршката, за значењето на луѓето, за чувствата, за идеите. Уживам без луѓе кои се душевно запуштени. Едноставно се уморив од нив, нивното височество кои премногу бараат и земаат, но ништо не даваат и животот ми е поубав. Својот просек го кренав на повисоко ниво. Ми исчезна притисокот од градите. Ако анализираш се парализираш. Ако си ти, ти, ниту поголем, ниту помал, туку ти, си среќен! Само ти. Никој друг, ниту надуван, ниту издишан, ни преголем, ни премал, туку ти. Уф, многу имам да кажам, ама тука ќе запрам...
Вчера цел ден си плачев, денес цел ден си тажам и си се подкарувам со некого... камо да можев и јас ко Лилит...сигурноќе пишев сега -најсреќна...
Ова ми е најшарената есен, најшарениот септември каков не сум имала ааама, никогаш. Без се’,само јас и шаренко. Ништо не ти треба кога е вака, а оно се само си доаѓа. Мир ми е. (А, дури и не се извозев у воз,мајќе ти. И, вака бидувало. ) Не, не се дрогирам.
Разочарано по вина на некој што најмалку очекував,некој кој би го дал и животот за мене ама јбг се е само на збор