Малку возбуда, во исчекување за она што следи, прашање дали ќе успеам, не се плашам ама посакувам да биде така како што сум замислила... Утре е денот кој го чекав и дочекав. Толку многу труд вложив, се надевам ќе се исплати...
Мислев дека и октомври ќе ми биде шарен како и септември. Всушност, се надевав де. Ама, многу,многу се надевав,ама... ми се издишаа сите балони уште од првиот ден. Мисли позитивно и се’ ќе ти е негативно е работава со октомвриов. Толку е студено, дури постудено и од оној студон надвор. А, не можеш шарени, ко свила, пеперудесто-лесни панталони со шаторски ногавици да носиш на ваков студ због, шта знам, да се орасположиш,или?! Ох. Луѓето и студот и промајата. http://www.youtube.com/watch?v=QWtsV50_ ... e=youtu.be
Убаво. Како цветчево - Денов сончев, јас си печам колач, во меѓувреме чајникот свири и дава знак дека чајот е готов. Уште да можев да си седнам на тераса и да се сончам, ама се чини дека последниве сончеви денови ќе ми поминат додека да биде готова фасадата на куќава И морам стратегии да правам кога одам во купатило, да не ме ѕирне мајсторот низ прозор
Носталгично, цел месец октомври ќе ми е таков, имам многу важни датуми и денови овај месец , кои се тука да ме потсеќаат на нешто што било некогаш во октомври
Па прејадено. Толку многу јадев што се плашам за мојот стомак. Се чувствувам неисполнето. Нема простор за да се направи нешто чесно во државава. Супер што љубовта сами си ја бираме и што за неа сеуште не ни се потребни протекции или врски. Ме плашат личности кои работат во фамозната администрација и по цели денови си седат на фб наместо да работат. И кои си се задоволни со сето тоа правење нешто во својот живот. Дајте отказ бе мрзливи едни.