Денес онака опуштено... Чекам да дојде маж ми и да ме собере од на работа И така не видоа многу работа од мене За пензија сум, ама не ми даваат... Опуштено.
Со оглед на тоа дека утре му е биг деј на големиот, јас заглавена со милион обврски и задачи, 4 сата спиена а треба да издржам уште 48 часа. Не смеам да покажам слабост а уште помалку да покакам нешто. Не дека нешто денес се претргнав од работа ама знам да се контролирам кога сум под стрес. Браво за мене и една 5-ка на рака да ми напишеше и Б6 молам ?!?! Незнам дали повеќе сум јас или тој изгубени. Нешто како изгубени во преводот, време и место. ...туку ајде, ајде само за арно и убаво нека е.
До пред малце исполнето,сега веќе збркано... Пак обврски се трупаат,време се нема. Ама ќе се најде,мора да се најде. Плус денес се кафехолизирав па би требало да издржам иако не спиев добро.
Нежно. Не, жими се денес се чувствувам мнооогу женствено, драматично и чудно. Некако работиве ми се измешани. Изгледа прво ќе треба да си расчистам некои работи со себе, а дури после со светот.
Сабајлево се разбудив со некоја страшна болка во градиве ,чиниш,срцето ми беше изместено за некој сантим по на лево, по на долу...а па, кроз лева груда (поубавата) ребрата ми мафтаат за добар јутар. Не знам, стварно. Си реков од спиењето е. Оно, тоа со срцето да ти било предвесник на мозочниот удар што следеше после тоа. Aj денов,ај. Месецов е луууудддднннииицццаааа. брррррррррррррр.
Убаво, надвор има сонце, слободна сум цел ден, излегов рано и си прошетав убаво да си ги наполнам батериите
Многу уморна, а и оваа настинката никако да ми помине. Едвај дишам, аман веќе. Се надевам дека утре ќе бидам подобра.
Добро сум, ќе бидам уште подобро, витамините делуваат :geek: , или пак така ми се чини . Од една страна уште ме јаде оној страв, сеуште со резерва сум, и не преземам чекор напред немој пак да паднам длабоко . Се молам овој пат да завршам со ова чудото еднаш - засекогаш, ветувам ќе бидам добра, послушна, нема да се грижам за се и сешто, нема да паничам, ќе бидам искулиркана , само да помине, ахххх....
Како немирно море. Ме загрижуваат две нешта - работата и здравјето. Аман више кога ќе дојде малку среќата поблиску до мене. Катаљон (зборчето е ) cv-ја имам испратено. И нешто кога не испаѓа не испаѓа.